Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Донација во црковната кујна во Велес
5.05.2009.

Sample Image

 

Црковната кујна во Велес во соработка со Фондацијата Фокус вчера започна со делење на витамизирани млечни стапчиња кои ги доби како донација од фирмата „Кенди" за проектот „365 дена по еден денар". Првите чаши витамизирано млеко ќе ги испијат децата од сиромашките велешки семајства кои еден оброк во денот обезбедуваат преку црковната кујна.

 

 

Отец Ангел Станчев вели дека добиената количина на витамизирани стапчиња добро ќе им дојдат на десетианта деца кои секојдневно добиваат топол оброк во кујната.

 

Sample Image Sample Image

 

"Соработка со Фондацијата Фокус е долготрајна со нивна помош и помаш на фирмата Кенди ја обезбедивме и оваа донација. Витамизираните цевчиња ќе им ги дадеме на децињата кои доаѓаат кај нас. Ние како црква обезбедуваме и најосновни пакети за граѓаните, вршиме и акции за собирање на лекови и стара облека, " вели отец Станчев.

 

Sample Image

 

Оваа донација е дел од проектот „365 дена по еден денар". Фондацијата Фокус овој проект го реализираат со цел да им се помогне на социјално загрозените семејства.

Покрај во Црковно народната кујна донација ќе добијат и Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализ и Здужението на родители за грижа за здраво поколение.

Дел од витамизираните стапчиња ке бидат донирани и во детската градинка „Димче Мирчев".

 

Sample Image

 

 

 

 

 
< Претходно   Следно >