|
Протоереј-ставрофор Воислав Ѓорѓиев - Архиерејски намесник Роден е на 22. 08. 1977 г., во Кавадарци. Основно образование завршил во с. Дреново - Кавадарци. Средно образование завршил во гимназијата „Добри Даскалов” во Кавадарци, а Богословски факултет „Св. Климент Охридски” - Скопје, завршил 2002 год. За ѓакон е ракоположен на 31. 01. 2003 г., а за свештеник на 14. 02. 2003 г., од страна на тогашниот администратор Повардарски, Митрополитот Дебарско-Кичевски г. Тимотеј. На парохиска служба во Неготинска парохија е од 01. 05. 2003 год. Во чин протоереј е произведен од страна на Митрополитот Повардарски г. Агатангел на 18. 09. 2011 година. 070/906-045
Протоереј Томе Јованов Роден е на 25. 04. 1970 во Штип, каде што завршил основно и средно гимназиско образование. Во 1988 г. се запишува на Педагошката академија - одделенска настава, каде што дипломирал на 23. 06. 1990 год. Се запишува на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски” во Скопје, каде дипломира на 26. 05. 1998 год. За ѓакон е ракоположен на 21. 09. 1998 година, а за свештеник на 27. 09. 1998 година од страна на тогашниот администратор на Повардарската епархија Митрополит Дебарско - Кичевски г. Тимотеј. На 14. 02. 2005 г. во храмот „Св. Вмч. Димитрија”- Кавадарци е произведен во протоерејски чин од страна на тогашниот Митрополит г. Тимотеј. На парохиска служба во Кавадаречката парохија стапил на 15. 03. 1999 година, на 4 парохија при храмот „Св. димитрија“ - Кавадарци, каде подоцна е поставен за старешина на истиот, а после со одлука на САС на МПЦ е поставен за Архиерејски намесник од 2001 до ден денес. 043/418-852 070/239-043
Протоереј Тане Величковски Роден е на 31. 01. 1982 во Куманово, каде што завршил основно образование. Средно образование завршил 2002 г., во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Истата година се запишува на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, каде дипломира во 2011 година. За ѓакон е ракоположен на 03. 07. 2005 година, а за свештеник на 07. 07. 2005 година од страна на тогашниот Митрополит Дебарско - Кичевски и администратор Повардарски г. Тимотеј. На парохиска служба во кавадаречката парохија стапил на 01. 09. 2005 година. Од 01. 08. 2018 е поставен за старешина при храм „Св.Петка“ - Кавадарци. Во протоерејски чин е ракопроизведен од страна на митроплит Повардарски г. Агатангел на на 22. 04. 2019 во храмот „Св.Петка“ – Кавадарци. 071/375-538
Протоереј Мартин Деневски Роден е на 13. 03. 1979 во Куманово, каде што завршил основно образование. Средно образование завршил 1988 г., во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски” во Скопје. Истата година се запишува на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски” во Скопје, каде дипломира 2011 година. За ѓакон е ракоположен на 08. 11. 2005 година, а за свештеник на 08. 01. 2006 година од страна на тогашниот Митрополит Дебарско-Кичевски и администратор Повардарски г. Тимотеј. На парохиска служба во кавадаречката парохија стапил на 15. 02. 2006 година. 071/350-442
Протоереј Сарафче Иванов Роден на 30. 11. 1976 г., во Неготино. Средно образование завршил во гимназијата „Св. Кирил и Методиј” во Неготино. Дипломирал на Богословскиот факултет „Св Климент Охридски” - Скопје во 2005 год. За ѓакон е ракоположен на 12. 03. 2006 г., а за свештеник на 19. 03. 2006 г., од тогашниот администратор Повардарски, Митрополитот Дебарско-Кичевски г. Тимотеј. На парохиска служба во Неготинска парохија е од 01. 08. 2006 год. 075/480 693 043/371 029
Протоереј Лазо Павлов Роден 19.02.1969 год, во Велес. Основно образование завршил во Велес, а средно образование во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски” во Скопје. За ѓакон е ракоположен на 07.03.1992 година, а за свештеник на 14. 03. 1992 година, од тогашниот митрополит Повардарски г. Михаил. На парохиска служба во Валандовската парохија стапил на 01. 01. 2007 година.
Протоереј Таневски Дејан Роден е на 13. 03. 1976 г., во с. Богомила - Велес, каде што завршил основно образование. Средно образование завршил во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски” во Скопје. За ѓакон е ракоположен на 13. 04. 1999 г., а за свештеник на 16. 04. 1999 г., од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски и тогашен администратор Повардарски г. Тимотеј. На парохиска служба во Демиркаписката парохија стапил на 01. 06. 2000 г. 043/366-346 070/511-066
Протоереј Сашо Ристов
Роден е на 07. 01. 1978 година, во Штип, каде што го завршил основното образоване. Средно образование завршил во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје. На 15. 03. 2001 година е поставен за епархиски референт во Брегалничката епархија, а на 19. 09. 2004 година е ракоположен во ѓаконски чин, во Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип, од надлежниот Митрополит Брегалнички г. Агатангел. На 26. 02. 2023 година, во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Велес, од страна на Митрополитот Повардарски г. Агатангел е ракоположен во свештеник и ракопроизведен во протоерејски чин. На парохиска служба во Кавадарци стапил на 01. 04. 2023 година. 070/392-022
Свештеник Богоевски Борче Роден е на 03. 08. 1967 во Велес, каде што завршил основно образование. Средно образование завршил во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски” во Скопје. За ѓакон е ракоположен на 31. 01. 1990 година, а за свештеник на 14. 02. 1990 година од страна на тогашниот Митрополит Повардарски г. Михаил. На парохиска служба во Ваташката парохија стапил на 10. 07. 2002 г. 043/419-233 070/441-934
Свештеник Димов Дејан Роден на 13.12. 1976 година во Неготино. Основно и средно образование завршил во Неготино. Дипломирал на Богословскиот факултет во 2005 година. Ракоположен е за ѓакон од митрополитот Агатангел на 21. 09.2007 во Неготино, а за свештеник 21.11.2007 година во Неготино. 071/637-140
Свештеник Виктор Димовски Роден 11. 04. 1988 година во Велес. Основно образование завршил во село Извор, а со средно образование се стекнал во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Дипломирал на Теолошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Во чин ѓакон е ракополжен на 25. 08. 2013 година од страна на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а на 08. 09. 2013 година е ракоположен во чин свештеник, исто така од страна на Митрополитот Агатангел.
Свештеник Ѓорѓи Лазов Роден на 24. 02. 1991 година во Кавадарци. Основно образование завршил во Кавадарци, а средно образование завршил во Македонската Православна Богословија „Свети Климент Охридски“ во Драчево, Скопје во 2010 година. Истата година се запишува на Православниот Богословски Факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде дипломира во 2016 година. Во ѓаконски чин е ракоположен на 16.10.2016 година, во храмот „Св. преподобна Параскева – Петка“ во Кавадарци од страна на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а на 09.12.2016 година во манастирот „Св. Георгиј“ Неготино е ракоположен во свештенички чин, исто така од страна на Митрополит Повардарски г. Агатангел. На парохиска служба во кавадаречката парохија стапил на 01.01.2017 година.
Свештеник Љупчо Силев Rоден на 13. 08. 1992 година во Велес. Основно образование завршил во Чашка, а средно образование завршил во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Дипломирал на Теолошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје во 2018 година. За ѓакон е ракоположен на 28. 10. 2018 година во црквата „Св. Петка“ во Кавадарци, а за свештеник на 11. 11. 2018 година во црквата „Св. Атанасиј“ во Неготино од страна на Митрополит Повардарски г. Агатангел.
Свештеник Душан Делов Роден е на 12.05.1984 година во Неготино. Основно училиште завршил во родниот град, а во 1999 год. се запишал во Македонската православна богословија во Скопје каде матурирал во 2004, во 36-та генерација богослови. Во 2005 година се запишал на Теолошкиот Факултет во Скопје каде и дипломира. Ракоположен е во чин ѓакон на 08.01.2015 година во црквата „Св. Димитриј“ во Кавадарци, а во чин свештеник на 28.11.2021 година во истата црква од страна на Митрополитот Повардарски г. Агатангел. На парохија е во црквата „Св. Петка“ во Кавадарци.
Свештеник Петар Кабранов Роден на 18.12.1990 година во Кавадарци. Основно и средно образование завршил во родниот град. Во 2009 година се запишал на Филолошки факултет "Блаже Конески"- Скопје, на студиска програма Англиски јазик и книжевност - преведувачка и толкувачка насока, каде дипломирал на 27.02.2015 година, а воедно завршил и доквалификација за наставна насока. Во 2014 година се запишал на Православниот богословски факултет "Свети Климент Охридски" во Скопје, каде дипломирал на 24.12.2021 година. Моментално е запишан на постдипломски студии на истиот факултет. Ракоположен е за ѓакон на 31.01.2022 во храмот "Свети Атанасиј Велики" во Неготино од Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а за свештеник на 05.10.2024 во храмот "Свети Димитриј" во Кавадарци, исто така од Митрополитот Повардарски г. Агатангел. Од 01.11.2024 година поставен во Росоманска парохија.
Ѓакон Александар Тимчевски Роден е на 19. 09. 1997 год. во Куманово. Основно и средно образование завршил во Куманово, а студии запишал на Православниот Богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје. За ѓакон е ракоположен на 19.10.2025 година во црквата „Св. Јован Крстител“ во Велес, од Митрополитот Повардарски г. Агатангел. тел. 076220427
|