Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Свештенство arrow Свештенство - Велес
Свештенство - Велес
2.07.2007.

Sample ImageПротоереј Борислав Бобевски – Архиерејски намесник

Роден е на 07. 07. 1982 г., во Велес, каде што завршил основно образование. Средно образование завршил во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски” во Скопје. За ѓакон е ракоположен на 07. 07. 2004 година, а за свештеник на 28. 08. 2006 година од страна на тогашниот Митрополит Дебарско-Кичевски и администратор Повардарски г. Тимотеј. На парохиска служба во велешката парохија стапил на 01. 10. 2006 година.

070/220-127


 

Sample ImageПротоереј-ставрофор Борис Симоновски

Роден е на 28. 05. 1966 во Велес, каде што завршил основно образование. Средно образование завршил во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски” во Скопје. За ѓакон е ракоположен на 14. 02. 1994 година, а за свештеник на 20. 03. 1994 година од страна на тогашниот Митрополит Повардарски г. Михаил. На парохиска служба во велешката парохија стапил на 01.04.2000 година.

ул. Моша Пијаде бр. 9, Велес 078/214-309


 

Sample ImageПротоереј-ставрофор Горан Панзов

Роден на 28.11.1972 во Велес каде што завршил основно и средно образование. Средното образование го завршил во Гимназијата „Кочо Рацин” смер културолошки техничар. На Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски” во Скопје се запишал во 1992-1993 год., како редовен студент. Дипломирал на Богословскиот факултет на 06. 07. 1998 год., на тема „Верското воспитание на децата”. За ѓакон е ракоположен на 24 мај 2000 год., а за свештеник на 20 јули 2000 год. од Митрополитот Повардарски г. Агатангел. На парохиска служба поставен во црква „Св. Вмч. Пантелејмон” во Велес на 01. 11. 2000 година. На 15 јуни 2003 година преместен на парохиска служба во Росоманската парохија.

043/234-569 076/582-777


Sample ImageПротоереј Ристе Јанушев

Роден е на 02. 04. 1973 во Велес, каде што завршил основно и средно гимназиско образование. Дипломирал на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски” во Скопје. За ѓакон е ракоположен на 31. 01. 2004 година, а за свештеник на 04. 02. 2004 година од страна на тогашниот Митрополит Дебарско-Кичевски и администратор Повардарски г. Тимотеј. На парохиска служба во велешката парохија стапил на 15. 06. 2004 година. На ден 20. 02 2011 година од страна на Митрополитот Повардарски г. Агатангел е произведен во чин протоереј.

ул. Ѓоре Органџиев бр. 30, Велес 078/284-844


 

Sample ImageПротоереј Игор Пармачки

Роден на 04. 09. 1982. во Берово, основното образование го завршува во родниот град, а средното образование во Македонската богословија „Св. Климент Охридски во с. Драчево - Скопје. По завршувањето на средната богословија, своето образование го продолжува на православниот богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје. На 26. 02. 2012 год. во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ е раколополжен во чин ѓакон од страна на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Повардарски г. Агатангел, а на 11. 03. 2012 год. е хиротонисан во свештенички чин, исто така од страна на Митрополитот Повардарски г. Агатангел. На парохиска служба е поставен при црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес.

 070/774-510


 

Sample ImageПротоереј Драги Гаштарски

Роден на 25.10.1978. во с. Русиново – Берово, основното образование го завршува во родното село, а учебната 93/94 година се запишува во средното богословско училиште „Св. Климент Охридски во с. Драчево - Скопје, по завршувањето на истото го продолжува своето образование на православниот богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје на кој што дипломира 2007 година. На 04.10.2009 год. кога Македонската православна црква го слави „Соборот на сите македонски светители“ во Неготино од страна на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел е хиротонисан во првиот степен од свештенството, ѓаконскиот, а на 01.11.2009 год. на денот на Св. Прохор Пчињски од истиот е хиротонисан во презвитерскиот чин. На парохиска служба во Валандовската парохија стапил на 01.01.2010 год, а од 16.06.2010 год. е пoставен и за старешина на манастирот „Св. вмч. Ѓеорѓиј“- Валандово.


Sample ImageПротоереј Јованче Илиев

Роден е на 20.01.1983 година во Велес, каде што завршил основно образование. Средно образование завршил во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје. За ѓакон е ракоположен на 14.01.2007 година, а за свештеник на 01.07.2007 година од Митрополит Повардарски г. Агатангел. На парохиска служба во Башиноселската парохија стапил на 01.10.2007 година.

076/443-445


 

Sample ImageСвештеник Драгољуб Костадинов

Роден е на 25. 06. 1965 во с. Капиново, каде што завршил основно образование. Средно образование завршил во Македонската православна богословија „Св. климент Охридски” во Скопје. За ѓакон е ракоположен на 31. 01. 1995 год., од митрополит г. Михаил, а за свештеник на 14. 02. 1995 год., од Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар.

070/560-366


 

Sample ImageСвештеник Божинов Влатко

Роден е на 12. 09. 1970 год. во Велес, каде што завршил основно образование. Средно образование завршил во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски” во Скопје. За ѓакон е ракоположен на 07. 07. 1995 година, а за свештеник на 29. 03. 1997 година од Митрополитот Австралиско-новозеландски и администратор Преспанско-пелагониски г. Петар. На парохиска служба во парохијата Градско стапил на 01. 05. 1997 година.

070/265-117


Sample ImageСвештеник Горанче Темелковски

Роден е на 01. 10. 1976 г., во Велес, каде што завршил основно образование. Средно образование завршил во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски” во Скопје. За ѓакон е ракоположен на 29. 08. 2002 година, а за свештеник на 13. 10. 2002 година од страна на тогашниот Митрополит Дебарско-Кичевски и администратор Повардарски г. Тимотеј. На парохиска служба во велешката парохија стапил на 15. 06. 2004 година.

 076/488-633


Sample ImageСвештеник Јани Мулев

Роден е на 19. 02. 1979 во Велес. Основно образование завршува во Велес, а средно во Македонска Православна Богословија „Св. Климент Охридски” во Драчево. На Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски” во Скопје дипломира во 2005 година. Ракоположен е во ѓаконски чин на 07. 01. 2008 год. од Митрополитот Повардарски г. Агатангел во Соборниот храм „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес, а на 09. 12. 2012 год. во црквата „Св. Климент Охридски“ во Чашка е хиротонисан во свештенички чин, исто така од страна на Митрополитот Повардарски г. Агатангел. На парохиска служба е поставен при црквата „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес.

077/766-381


 

Sample ImageСвештеник Димче Спасев

Роден 31. 05. 1977 година во Велес. Основно образование стекнал во Велес, а средно во Македонската православна Богословија „Св. Климент Охридски“ во Драчево. Студент на Богословскиот факултет во Скопје. Ракоположен во чин ѓакон на 03. 03. 2009 година од страна на Митрополитот Повардарски г. Агатангел во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес. Во чин свештеник е ракоположен на 23.08. 2009 во Соборниот храм „Св. вмч. Пантелејмон“ од страна на Митрополитот Повардарски г. Агатангел.

 075/841-346


 

Sample ImageСвештеник Александар Стеваноски

Роден на 06. 10. 1980 година во Велес. Основно и средно образование завршил во Велес, а дипломира на теолошкиот православен факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје во 2016 година. Во чин ѓакон е ракоположен на 05. 03. 2016 година во Соборниот храм „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес, од страна на Митрополитот Повардарски г. Агатангел.


 

Sample ImageСвештеник Ѓоко Белчовски

Роден на 09. 04. 1981 година во Берово. Основно образование завршил во село Русиново, а средно во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Драчево. Со високо образование се стекнал на теолошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, а исто така има дипломирано и на Методика на настава по религиско образование при универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Ракоположен е за ѓакон на 13. 09. 2020 година во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес од страна на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а за свештеник е ракоположен на 20. 09. 2020 година во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес исто така од  Митрополитот Повардарски г. Агатангел. Моментално е на свештеничка пракса при црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес.


 

Sample ImageПротоѓакон Влатко Стоименов

Роден е на 09. 06. 1975 во Штип, каде што завршил основно и средно гимназиско образование. Дипломирал на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски” во Скопје. 

 

 


 

Sample ImageПротоѓакон Васил Ристовски

Роден на 10. 08. 1984 година во Велес. Основно образование завршил во Велес, а со средно богословско образование се стекнал во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Драчево“. Студира на теолошкиот православен факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Во чин ѓакон е ракоположен на 03. 03. 2013 година во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес, од страна на Митрополитот Повардарски г. Агатангел.


 

Sample ImageПротоѓакон Бобан Ѓорѓиевски

Роден на 04. 08. 1985 година во Велес. Основно образование завршил во Велес, а со средно богословско образование се стекнал во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Драчево“. Студира на теолошкиот православен факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Во чин ѓакон е ракоположен на 14. 12. 2014 година во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес, од страна на Митрополитот Повардарски г. Агатангел.


 

Sample ImageЃакон Никола Ѓорѓиевски

Роден на 16. 06. 1982 година во Велес. Основно образование завршил во Велес, а со средно богословско образование се стекнал во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Драчево“. Дипломира на теолошкиот православен факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје во 2009 година. Во чин ѓакон е ракоположен на 18. 09. 2016 година во црквата „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес, од страна на Митрополитот Повардарски г. Агатангел.


 

Sample ImageЃакон Александар Тимчевски

Роден е на 19. 09. 1997 год. во Куманово. Основно и средно образование завршил во Куманово, а студии запишал на Православниот Богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје. За ѓакон е ракоположен на 19.10.2025 година во црквата „Св. Јован Крстител“ во Велес, од Митрополитот Повардарски г. Агатангел.

тел. 076220427


 

 

 
< Претходно   Следно >