Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Тодорова сабота
9.03.2009.

 

 

 

 

 

Во првата сабота од светата Четириесетница, во времето на Великиот пост, која православната Црква ја посвети на споменот на свети Теодор Тирон, беше отслужена Света Божествена Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес. Со Литургијата чиноначалствуваше Митроплитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на голем број свештеници од велешкото намесништво.

На Светата Литургија кон светиот Путир, за да ги примат светите Тајни, пристапија речиси сите присутни верници: мажи и жени, старци и старици, мали дечиња, кои како што тоа е обичај многу години во првата сабота од Великиот пост.

Од таа причина свештенослужителите причестуваа од две места и од два Путира, поделувајќи ги верниците на две групи: мажи и жени со мали дечиња.

Митрополитот Агатангел во својата беседа ја истакна големината на Светата Тајна - Евхаристија, но им  упати и порака на присутните верници да не го користат овој ден за лажно причестување, туку вистински да се подготват со пост, молитва, исповед и искрено покајание за достојно да застанат пред Светиот Путир.

 
< Претходно   Следно >