Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Прочка - Поклади
6.03.2009.
 
 
 
 
На 01.03.2009, ден недела, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес се отслужи Света Божествена Литургија. Со Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на голем број свештеници од епархијата.
На почетокот на Литургијата, Митрополитот Агатангел благоволи и го произведе во чин ѓакон досегашниотр чтец Димче Спасев од Велес. Во својата празнична беседа Митрополитот не повика сите да го искористиме денот на простувањето за да отидеме кај своите најблиски и кај сите на кои сме погрешиле за да речеме прости ми и да се обидеме од денешниот ден па се до Воскресението да ја исполниме нашата душа со чистота, добрина, љубов, милосрдие и така да се соединиме со нашиот Бог, Господ Исус Христос.
 
< Претходно   Следно >