


| Освет на камен темелник |
| 6.03.2009. | |
|
На 28.02.2009 година, ден сабота, Митрополитот Повардарски г. Агатангел благоволи и изврши осветување на камен темелник на нова црква во селото Дорфулија. На чинот на осветување сослужуваа свештеници од велешкото намесништво, а присуствуваа голем број жители од ова и од околните села. Црквата ќе биде посветена на Светиот пророк Илија, а ќе се гради со средства на верниците од селото и средства на Повардарската епархија. |
| < Претходно | Следно > |
|---|