Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Осветување на камен темелник
23.02.2009.

 

Sample Image

 

 

На 22.02.2009, ден недела, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на повеќе свештенослужители од Велес, изврши осветување на камен темелник на камбанаријата на црквата во изградба Св. Кирил и Методиј во Велес.

 


Sample Image    Sample Image    Sample Image   
 
Sample Image    Sample Image
 
  Sample Image    Sample Image    Sample Image

 
На осветувањето на камен темелникот му претходеше Света Божествена Литургија, која се отслужи во Соборниот храм на Повардарската епархија „Св. вмч. Пантелејмон“.
 
Sample Image    Sample Image    Sample Image
 
Sample Image    Sample Image    Sample Image   
 
Sample Image   Sample Image
 
 

На свечената литургија присуствуваа градоначалникот на општина Велес, Аце Коцевски, претседателот на Советот на општина Велес, Славчо Чадиев, пратениците во Собранието на Република Македонија од Велес, Илија Димовски, Горан Петров и Марјанчо Николовски, претставници од бизнис секторот, како и верници од градот. Изградбата на црквата посветена на семакедонските браќа светите Кирил и Методиј започна на 1 ви јуни 2006 година, а истата се гради со доброволен прилог од граѓаните, донатори и со средства од Повардарската епархија.. Кога ќе биде изградена во неа се планира да се постават 5 ѕвона кои кога ќе звонат и ќе се слушаат надалеку, најави митрополитот Повардарски г. Агатангел. Тој воедно ги потсети верниците дека тие ќе ѕвонат и ќе ги повикуваат на кратко да ги прекинат секојдневните работи и се помолат на Бога. Ѕвоната се тие кои повикуваат на молитви а се надевам дека овие ѕвона ќе ѕвонат за убави настани како крштевки и венчавки, најави митрополитот Агатангел. Црквата досега е скоро целосно надворешно изградена, а речиси готови се и куполите на црквата. Специфична е и по тоа што се гради во камен што и дава посебна убавина. Оваа е прва велешка црква што се гради по 150 години. Митрополитот Агатангел најави од август годинава да се започне со фрескоживописувањето на црквата, а во преговори биле и за изработка на иконите. Инаку веќе две години иконостасот во дрворез од ореово дрво го изработува велешкиот мајстор Љубомир Бисин. Новата црква се гради во новиот дел на Велес кој веќе десетина години е центарот на градот. Со изградбата на црквата Свети Кирил и Методиј, овој дел од Велес ќе биде нов просветен, духовен и културен центар, најави владиката Повардарски. Владиката Повардарски Агатангел на овој свет чин посака што поскоро да дојде денот и на осветување на новата Црква Свети Кирил и Методиј и нејзината камбанарија.

 
 

 
< Претходно   Следно >