Соопштение |
19.02.2009. | |
На ден 22. 02. 2009 година, недела, во 11, 30 часот, ќе се изврши осветување на камен темелник на црковната камбанарија при црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес. Осветувањето на темелникот ќе го изврши Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештениците од Велес. Ги покануваме сите жители на Велес да присуствуваат на овој чин со надеж што поскоро да се заврши доизградбата на храмот во центарот на градот и што поскоро да се изврши осветување на истиот.
|
< Претходно | Следно > |
---|