Сретение Господово |
18.02.2009. | |
![]()
На празникот на Сретението Господово , Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Архиерејска Божествена Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес.
„Како што праведниот Симеон се сретна со Бога земајќи Го во своите прегратки, така и ние на оваа света Литургија се сретнавме и Го видовме Бога преку заедничката молитва и преку примањето на светата Евхаристија.“ рече Митрополитот Агатангел во своето празнично слово кон присутните верници. Тој покрај беседата за Сретението Господово, бидејќи оваа недела е посветена на Блудниот син, кратко зборуваше и за Блудниот Син, поттикнувајќи ги верниците по примерот на Блудниот Син да ја исчистат својата совест преку покајание и исповед.
|
< Претходно | Следно > |
---|