Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Интронизација на Патријархот Московски Кирил
Интронизација на Патријархот Московски Кирил
6.02.2009.

 

 
 
Sample Image

 

На 1 февруари 2009 година во соборниот храм на Христос Спасителот во Москва се одржа интронизација на Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил. Тој беше избран на патријаршискиот престол на Помесниот Собор на Руската Православна Црква на 27 јануари.

Во храмот на Христос Спасителот се собраа архиереи на Руската Православна Црква, монаси и илјадници мирјани. На интронизацијата на Патријархот Московски и на цела Русија присуствуваа Александрискиот Патријарх Теодор, Албанскиот Архиепископ Анастасиј, Митрополитот Варшавски и на цела Полска Сава, Митрополитот на Чешка и Словачка Христофор и делегации од сите Помесни Православни Цркви.

 

 

Sample Image    Sample Image    Sample Image

 

Во соборниот храм присуствуваа претседателот на Руската Федерација Д. А. Медведев, претседателот на Владата на Руската Федерација В. В. Путин, раководители и претставници на органите на власта на други земји кои се под канонска јурисдикција на Руската Црква.

Свртувајќи се кон исток, Митрополитот Киевски Владимир и Митрополитот на Санкт Петербург Владимир, како двјаца најстари Митрополити и постојани членови на Светиот Синод, три пати се поклонија заедно со Патријархот, потоа земајќи го за рака, го воведоа на патријаршиското Горно место. Тие се свртија кон запад и Митрополитот Владимир возгласи: „Божествената благодат, која ги исцелува слабите,  која им дава тие што немаат и секогаш промислува за светите православни цркви, го поставува на престолот на светите Поглавари руски Патар, Алексиј, Јона, Макариј, Филип, Ермоген и Тихон, нашиот отец Кирил, Светиот Патријарх на големиот град Москва и на цела Русија...“  Потоа, по зборовите: „Во името на Отецот, и Синот и Светиот Дух“ најстарите Митрополити трипати го седнуваа наречениот Патријарх на патријаршискиот трон.

Блажениот Митрополит Киевски и на цела Украина возгласи „Аксиос“ („Достоин“). Нему повеќе пати му одговорија свештенослужителите во олтарот, хорот на храмот на Христос Спасителот, и сите кои се молеа во храмот.

Потоа, патријархот го облекоа во патријаршиски богослужбени одежди, му ставија две панагии и крст, а на главата му беше ставена митра.

Потоа, во храмот на Христос Спасителот се продолжи со служењето на Божествената Литургија на свети Јован Златоуст.

На свечената богослужба присуствуваа и претставници од советот на Света Гора: архимандритот Петар (игумен на манастирот Дионисијат), јеромонахот Фотиј од манастирот Григоријат, јермононахот Кирион од манастирот на Свети Пантелејмон.

Од Македонската Православна Црква присуствуваа Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и Митрополитот Повардарски г. Агатангел.

 

 
< Претходно   Следно >