Осветување на камбанарија |
27.01.2009. | |
На ден 25.01.2009, недела, во манастирот „Св. Ѓорѓи“ беше отслужена Света Божествена Литургија. Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан во сослужение на Митрополитите Повардарски г. Агатангел и Дебарско-Кичевски г. Тимотеј најпрво го освети новиот црковен фрескоживопис, кој го подари неготинската винарија „Бовин“, а потоа чиноначалствуваше со Светата Литургија.
По завршувањето на Божествената Литургија Архиепископот заедно со Митрополитите се упатија во дворот на манастирот каде извршија освет на црковната камбанарија.
Митрополитот Повардарски г. Агатангел им подари благодарници на Винаријата „Бовин“, градежното претпријатие „Градба“ и на г-дин Владимир Ѓорчев за помагање на манастирот „Св. Ѓорѓи“ - Неготино.
|
< Претходно | Следно > |
---|