20.01.2009. |
Во очи на големиот христијански празник - Богојавление Водици, на празникот наречен Водокрст секоја година се извршува голем Богојавленски водосвет. Оваа година осветувањето на водите се изврши во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес, каде Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Василиева Литургија, а потоа во сослужение на присутните клирици ја освети водата за здравје и спасение на верниците.
По завршувањето на Литургијата и Водосветот, беше отслужен молебен канон на Пресвета Богородица за здравје на една верничка од Скопје.
|