На празникот на Св. архиѓакон и првомаченик Стефан |
13.01.2009. |
На празникот на Св. архиѓакон и првомаченик Стефан, Архиепископот Охридски и Македонски Г. Г. Стефан во чест на празникот и воедно неговиот именден приреди свечена вечера на која присуствуваа Претседателот на Република Македонија г-н Бранко Црвенковски, Претседателот на Владата на Република Македонија г-н Никола Груевски и Претседателот на Собранието на Република Македонија г-н Трајко Вељановски. На вечерата присуствуваа и Неговото Високопреосвештенство Митрополит Повардарски г. Агатангел и Митрополитот Брегалнички г. Иларион и епископот Хераклејски г. Климент.
|