17.11.2008. |
Во црквата посветена на Светиот великомаченик Георгиј во Чаир беше прославен преносот на чесните мошти на патронот од местото на неговото свето страдање заради името Христово (Никомидија) во неговото родно место, во црквата којашто христијаните му ја посветија на неговиот спомен во градот Лида Палестинска. Во чест на тој благодатен настан во црквата на Свети Георгиј во Чаир Божествена Литургија отслужи Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г.Стефан во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел и голем број свештенослужители од скопската епархија.
На Литургијата на која присуствуваа голем број верни, Архиепископот благоволи и го произведе чтецот Златко Малинов од Скопје во чин ѓакон. |