Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Цркви и манастири arrow Цркви иманастири во Кавадаречко арх. намесништво
Цркви иманастири во Кавадаречко арх. намесништво
14.06.2007.
  • Црква Св.Димитрија – Кавадарци
    Црквата Св.Димитрија – Кавадарци, градена е во 1834год. Претставува три корабна базилика со полукружна апсида од источната страна. Подигнати се тремови од јужната и западната страна. Внатрешноста на црквата е осликана со трет слој на фреско-живопис од поново време. Иконостасот го сочинуваат престолни,икони на апостолите и празнични икони. На неговата јужна страна постои параклис посветен на Св.Петка. На западната страна од црквата постои галерија на кат.
  • Црква Св. Успение Богородично - н. Ваташа
    Црквата се наоѓа во самата населба, десно од патот во правец на излезот од Кавадарци кон Моклиште.Подигната е во 19. век, а по својата архитектонска форма таа е трикорабна со рамни дрвени таваници на страничните кораби, додека централниот кораб е со четири слепи калоти, од кои средните две се поголеми и покриени со фрески. Во првата калота е Богородица со Христос а наоколу се повеќе ликови на пророци. Во втората калота е претставен Исус Христос со ангели.
    На иконостасот има царски двери во резба изработени во 1818 година од непознат автор.
    Во црквата има и икони од 19. век, датирани од 1828 година, а изработени од зографот Крсте од Велес.
  • Црква Св. Богородица, с. Марена
    Црквата се наоѓа в сред село до главнот пат што води за Кавадарци. Изградена е негде во втората половина на 19. век. Архитектонскиот облик на црквата е трикорабен, формиран од два реда колони кои се меѓусебно врзани со арки. Корабите имаат рамни дрвени таваници а главниот кораб се надвишува над страничните, каков што е случајот со повеќето цркви во овој крај. На источната страна од црквата е олтарната апсида а две ниши во олтарниот простор ја вршат функцијата на проскомидија и ѓаконикон. Внатрешноста на црквата е осветлена со по три прозорци на јужната и северната страна. Главниот влез во црквата е од западната страна, а помал влез - спореден е на северната страна. На западниот дел во црквата е галерија на која има една лента со фреско натпис и годината 1879 најверојатно како година кога црквата била зографисана.
    Внатрешноста на црквата е исполнета со фрески по ѕидовите. На северниот и јужниот ѕид во првата зона се насликани светци во цел раст: Св. Кирил и Методија, Св. Петка, Св. Мина, Св. Тодор Трион, Св. Атанасиј и други. Композицијата „Страшниот суд" е насликана на јужниот ѕид во втората зона над светците во цел раст. Големите празници со композициите Воскресение Христово, Влегување во Ерусалим (Цветници) и други се наоѓаат на северниот ѕид во втората зона. Во главниот кораб и
    тоа во горните делови насликани се симболите на четирите евангелисти. Тука се и претставниците на Богородица, Исус Христос и Бог Саваот.Композицијата Благовештение е над олтарната конха а во нишата од проскомидијата е композицијата Христос воскресна од гроб. На западниот дел од црквата - галеријата е презентирана композицијата Успение Богородично а лево и десно се пророците: Данаил, Илија, Соломон, Давид, Исаија, Елисиј и Еремија.
    Иконостасот во црквата е исполнет со икони: престолни, празнични и на светите апостоли. Престолните икони на Св. Никола, Св. Ѓорги, Богородица со Христос и Св. Јован Претеча се од зографот Петре од Тресонче 1870 г.
  • Црква Св. Никола, с.Моклиште

На три километри јужно од селото Ваташа, во убав шумски предел се наоѓа Моклишкиот манастир посветен на Св. Никола. Над влезот на црквата од внатрешната страна сочуван е натпис во кој се вели дека манастирската црква е изградена во 1594/95 година. Во текстот се спомува името на Никола и неговите синови од селото Тимјаник дека ја изградиле црквата. Натписот гласи:
„... Созида се и пописасе сии божествен храм... в лето з. р. г. (1594/95)..."

Манастирот Св. Никола егзистирал и во првата деценија на 18 век, кога во 1716 година Арсениј донел минеј од запустениот Полошки манастир Св. Ѓорги. Тогаш монасите од Полошкиот манастир се преселиле во моклишкиот манастир.
Името Моклишки манастир го добил по некогашното село Моклиште кое денес не постои.
Манастирската црква е еднокорабна по својата архитектурна форма и со покрив на две води.

Во централниот травеј на јужниот ѕид во првата зона видно место зазема портретот на Св. Никола - патронот на манастирската црква. Насликан е во цел раст, фронтално и со дигната десна рака во став на благослов.

Врз себе носи архиерејска одежда декорирана со мноштво крстови.

До ликот на Св. Никола е портретот на Св. Атанасиј, исто така претставен со архиерејски фелон со црни крстови а врз омофорот со крстови од теракотна боја.

Нејзиниот надворешен изглед е со скромни декорации но со зацврстени конзерваторски зафати на фасадите и олтарната полукружна апсида. Внатрешниот простор на црквата е со три травеја а на западната страна е доградена пропрата со галерија. Влезот во црквата води преку северниот влез на припратата а од таму преку единствениот влез на западната страна во наосот на храмот. Старите манастирски конаци биле изградени во 19 век а подоцна тие се обновени. Во манастирскиот комплекс се наоѓаат: фурна, трпезарија, одаи за престој, други стопански згради и манастирска чешма.
Фрескоживописот во црквата е поделен на четири зони во трите травеи: централен, источен и западен.

Северно од влезот на црквата се наоѓаат портретите на заслужните за христијанството - царот Константин и царицата Елена со големиот крст поставен меѓу нив двајцата. Цар Константин е со корона на главата, а има куси коси и брада. Со десната рака е
на градите, а со левата го држи крстот. Облечени се во царски одежди со црвеникава боја исполнети со бисери.
Фреските на северниот ѕид се уништени, а ѕидот е малтерисан и варосан.

Сите наведени содржини претставуваат голем интерес за посетителите на овој мал христијански храм а манастирскиот комплекс дава можност за подолг престој во манастирската тишина.

 
< Претходно   Следно >