„Св. Димитриј“ - Божествена Литургија |
11.11.2008. | |
![]()
На празникот на светиот великомаченик Димитриј Солунски, Митрополитот
Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествената Литургија во храмот
во Кавадарци посветен на овој светител.
![]()
На Божествената Литиргија присуствуваа голем број на верници од Кавадарци и од неговата околија, кои традиционално секоја година молитвено му се поклонуваат на Светиот великомаченик Димитрија и го молат за застапништво на нивните души пред престолот на Господ Бог.
![]()
На почетокот на Литургијата Митрополитот Агатангел благоволи и го пострижа во чин чтец завршениот богослов Грозданов Трајче од Кавадарци.
![]() ![]()
На Литургијата верниците се причестија со Телото и Крвта Христови, а потоа Митрополитот Агатангел и свештенството осветија вода и ги прекршија славските колачи.
|
< Претходно | Следно > |
---|