Свети Василиј Острошки 12.05/29.04 (ст.ст.) |
5.11.2008. | |
Родум од Попово Село во Херцеговина, од родители
прости но благочестиви. Од малечок беше исполнет со љубов кон Божјата Црква, а
кога порасна отиде во требињскиот манастир на Успение на Пресвета Богородица и
прими монашки чин. Набрзо се прочу со својот сериозен и редок подвижнички
живот, зашто себеси си налагаше подвиг врз подвиг, сè потежок и
потежок. Подоцна го посветија за епископ Захумски и скендериски, против
неговата волја. Како архиереј првин живееше во манастирот Тврдош и оттаму како
добар пастир го утврдуваше своето стадо во православната вера, чувајќи го од
турската свирепост и од латинското лукавство. А кога непријателите многу го
притеснија, а Турците го разорија Тврдош, се пресели во Острог, каде што силно
се подвизуваше, оградувајќи го своето стадо со непрестајни молитви. Се упокои
мирно во Господа во XVI век. Неговите мошти останааа цели и исцелителни,
нераспадливи и чудотворни до денешен ден. Чудата на гробот на св. Василиј се
безбројни. Кон неговите мошти притекнуваат и христијаните и муслиманите и
наоѓаат исцеленија во најтешките маки и болести. Секоја година на Педесетница
во Острог станува голем народен собир. |
< Претходно | Следно > |
---|