Поклоничко патување |
5.11.2008. | |
Поклоничко патување низ манастирите во Црна Гора
(10.10.2008 – 13.10.2008)
Потоа околу 16.00 отидовме во манастирот на големиот чудотворец,
свети
Василиј Острошки, каде што се наоѓаат неговите нетлени мошти. По отслужената вечерна
богослужба влеговме во малата црква, па откако се поклонивме и ги целивавме
неговите свети мошти, се подготвивме за преноќеваме во дворот на манастирот,
под ведро небо, каде што со благослов на игуменот на манастирот на сите верници
им беше дадено по едно ќебе за покривање.
Наредниот ден на 11.10.2008 повторно
присуствуваме на Божествената Литургија која беше отслужена во самата црква на
светителот, каде што почиваат неговите мошти, а која започна во 06 часот
наутро. Потоа спуштајќи се од манастирот дојдовме во малата црква посветена на свети
Станко каде што се наоѓаат неговите нетлени раце. Околу 12.00 заминавме
кон манастирот Морача, каде што нè
пречека игуменот на манастирот, отец Рафаило. Ни ги покажаа светите мошти на светиот
Харалампиј
(десната рака), се поклонивме, ги целивавме, и по два часа
си заминавме од овој прекрасен манастир. Потоа се упативме кон Македонија, каде
што пристигнавме во 03.00 по полноќ.
Известува: свештеник Влатко Божинов
|
< Претходно | Следно > |
---|