Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Цркви и манастири arrow Манастир Св. вмч. Димитрија - Велес
Манастир Св. вмч. Димитрија - Велес
14.06.2007.
  • Манастир Св. вмч. Димитрија - Велес
    Манастирот Св.„Димитрија“ се наоѓа на околу два километра јужно од градот, на десната страна од реката Вардар, под реката Тополка, која се влива во Вардар.                                                                                    
    Манастирот е поставен во самиот агол на овие две реки: од исток Вардар, а од јужната страна се наредени стаклесто стрмни карпести засеци, поврзани со оние од западната страна, кои се издигаат како чадор над манастирот, засенет со силуетите од планинските ритчиња на Голик.
   По падините на оваа планинска висорамнина, кои се спуштаат кон манастирот, стрчат урнатини, остатоци од стариот пеонски град Вилазора, што се спомнува уште во третиот век пред нашата ера.Манастиорт е изграден за верските потреби на населението од Стар Велес, кој можеби тогаш служел како градска црква. Во секој случај постанокот на манастирот датира од постаро време, за кое што ни сведочат извесни историски податоци, запишани од повеќе патеписци, историчари, археолозии раскажување на постари луѓе. Но, како и да е, предност за постанокот на манастирот му се дава на средновековието.Не може да се негира и претпоставката оти овој храм потекнува од многу постаро време, кога уште постоел стариот град Вилазора. Само, се разбира, тогашното постоење на манастиорот, не можело да ги има денешните димензии, од XIV век, кога го обновил властелинот на цар Душан-Раденко со својата мајка. До таков заклучок се доаѓа преку арехеолошките и други наоди во V и VI век, кога во близината на Вилазора постоеле и други храмови, како што е епископската базилика во Стоби, потоа и базиликата Св. Јован Крстител која потекнува, можеби и од поранешното време.
                             
Sample Image

   Во продолжение на текстов ќе се послужиме со еден пишан споменик на камена плоча, кој датира од XIV век. Тој е пронајден при раскопување на манастирот од западната страна. Овој текст му припаѓа на властелинот Ѓорѓи, познат како Мирослав, внук на двајца жупани од XIV век: Страцимира и Алтимира. Во оригинал текстот на плочата гласи: “Претстави се раб Божиј Георгие, а рекоми Мирослав, Илијин син, а внук жупана Страцимира и Алтимира, месеца септемврија 26 д'н', в' неделу на Јована Благословца Јевангелиста”. Се мисли дека оваа црна мермерна плоча потекнува од овој гроб што е пронајден во манастирот од западната страна, за кој се вели оти тој бил гроб на некој властелин, или по други – на некој убиен владика.Во тоа време, околу 30-те години од XIV век, задужбини подигале само владетелите, а потоа и властелините. Оттаму и оваа црква Раденко со мајка си ја подигнал најрано во тие години од XIV век и ја подарил на царот. Но останува прашањето дали Раденко одново ја соѕидал црквата или ја наѕидал на некоја друга основа, која можеби постоела и како урнатина.Како и да е, од наброените факти и податоци се гледа дека манастирот Св.Димитрија е ѕидан во XIV век од српски феудалци. Останува само прашањето дали е тогаш одново ѕидан или е реконструиран. За сигурно се знае само тоа дека денешниот изглед манастирот го добил во XIX век.Кога Турците по битката на Марица во 1371 година се пробиле во Македонија, турскиот војсководец, пашата Тимурташ, во 1386 година, по други 1385 година, го зазел Велес така, што своите топови ги сместил од левата страна на Вардар спроти манастирот, под денешната црква Св. Спас. Градот бил изложен на бомбардирање и со урнатините негови бил затрупан манастирот. По 10-15 години султанот Бајазит, поради бунтови во градот го дорушил Велес како одмазда за нелојалноста на населението. Поголем дел од населението го напуштило Велес и се населило во околијата, во денешно село Стариград.Околу 469 години манастирот лежел затрупан, така што населението на Стар Велес него и го заборавило. Дури во 1855 година манастирот е откопан .
   Манастирската црква уште во 1855 година била обновена и реновирана, а со покривот го добила својот вообичен изглед. Зографските работи ги извршил познатиот зограф Хаџи Коста Крстев. Овој историски настан е овековечен и во внатрешноста на црквата на јужниот ѕид со натпис: „Сеј обител обновисја в лето изобразил X. Косте Зограф и фотограф." Овој Хаџи Косте, родум бил од Велес, но занаетот го изучил кај Зографовци. Ос вен овој натпис во црквата има и други натписи по иконите, какви што нема по другите храмови било во градот или во околијата.Според реченото довде, јасно е оти денешниот манастир Св. Димитрија му припаѓа на Стариот град, зашто денешниов потекнува од поново време. Но во секој случај историјата на манастирот е прилично матна и несигурна, како што е случај и со многу други наши Храмови.Интересна појава кај овој манастир претставува и самата камбанарија, која е поврзана со манастирската црква и изгледа како да е нејзин составен дел од западната страгана.До средината на овој век, нешто по завршувањето ва II Светска војна, споредните манастирски згради во дворот, служе ле како конаци и магацински простории. Од источната страна по сета должина на манастирскиот двор север-југ постоеле две згради составени од приземје и кат. Во приземјето се засолнувала стоката на селските гости, кои доаѓале на манастирската слава Св. Димитрие, првиот петок по Велигден, и во други поголеми празнични денови.
   И од западната страна во дворот, а северозападно од црк вата, поставена е убава зграда, која е подигната од месното население. Во неј зиното продолжение кон север се протега друга зграда од послаб материјал, која ја подигнал терзискиот еснаф. Таа има високо приземје и чардаци со повеќе соби. Постои и друга зграда која го зафаќа другиот дел од дворот се до главниот влез во манасти рот. Неа ја подигнале селаните од село Дреново.
 
< Претходно   Следно >