За (не)постоењето на злото |
5.11.2008. | |
“Најголемиот
трик кој ѓаволот некогаш го извел,
е
да го увери светот дека тој не постои.”
Еден универзитетски професор им го поставил на
студентите ова прашање:
- Дали Бог создал сè што постои?
Еден студент смело му одговорил:
- Да, Бог создал сè што постои!
- Бог создал сè што постои? - запрашал професорот уште еднаш.
- Да, професоре, - одговорил студентот.
Веднаш потоа професорот рекол:
- Ако Бог создал сè, тогаш го создал и злото. Бидејќи злото постои, а
земајќи го предвид принципот дека нè одредува она што го работиме, тогаш и Бог е зол!
Студентот останал молчејќи, а професорот полн со
себе констатирал како тој уште еднаш докажал дека, она во што христијаните
веруваат е всушност мит.
Еден друг студент подигнал рака и го прашал
професорот дали може нешто да го праша.
- Се разбира, - одговорил професорот.
Студентот станал и рекол:
- Професоре, дали постои студенило?
- Какво е тоа прашање? Се разбира дека постои.
Зарем никогаш не ти било студено?
Студентите се закикотиле на прашањето од колегата.
Момчето одговорило:
- Всушност, професоре, студенило не постои. Според
законите на физиката, она што ние го сметаме за студенило во реалноста е
отсуство на топлина. Секое тело или објект, според проучувањето, има или
пренесува енергија, а топлината е таа што прави телото да има или да пренесува
енергија. Апсолутна нула значи потполна отсутност на топлина и сите нешта
стануваат инертни и неспособни за реакција на таа температура. Студенилото не
постои. Ние го создадовме овој збор за да опишеме како се чувствуваме ако
немаме топлина.
Студентот продолжил со прашањата:
- Професоре, постои ли темнината?
Професорот одговорил:
- Се разбира дека постои.
А студентот на тоа одговорил:
- Повторно немате право професоре, ниту темнината
не постои. Темнината всушност е само отсуство на светлина. Светлината можеме да
ја проучуваме, а темнината, не. Всушност, можеме да се послужиме со Њутоновата
призма и да ја претвориме белата светлина во многу бои и да ги проучуваме
различните должини на светлосните бранови за секоја боја. Темнината не можеме
да ја мериме. Најобичен зрак на светлина може да продре во светот на темнината
и да ја просветли. Како можете да дознаете колку некој одреден простор е
мрачен? Ја мерите количината на присутното светло. Не ли е ова точно? Темнината
е поим кој луѓето го користат за да опишат што се случува кога нема светлина.
На крајот, момчето запрашало:
- Професоре, постои ли злото?
Сега веќе малку несигурен, професорот одговорил:
- Се разбира, како што веќе реков. Злото го
гледаме секој ден. Најчесто во секојдневните примери на човековата нечовечност
кон другите луѓе во злоделата и насилството ширум светот. Овие манифестации не
се ништо друго, туку зло.
На тоа, студентот одговорил:
- Професоре, злото не постои, или барем не постои
самото по себе. Злото е едноставно отсуство на Бога. Токму како и темнината и
студенилото, тоа е поим кој луѓето го створиле за да го опишат отсуството на
Бога. Бог не го створил злото. Злото не е како верата и љубовта кои постојат
токму како што постојат и светлината и топлината. Злото е последица на она што
се случува кога во срцето на човекот не е присутна Божјата љубов. Токму како и
студенилото кое го доживуваме во отсуство на топлина, или како мракот која се
случува кога нема светлина.
Професорот седнал.
Студентот се викал Алберт Ајнштајн.
Превод:
ѓакон
Влатко Стоименов
|
< Претходно | Следно > |
---|