Осветување на камен темелници |
22.10.2008. | |
![]() На ден 22. 10. 2008 година, среда, Митрополитот Повардарски г. Агатангел благоволи да изврши осветување на камен темелници на станбени објекти на првата Хабитат населба во Македонија.
Станбените објекти ќе ги гради американската невладина организација Хабитат - Македонија и тие ќе бидат наменети за семејства со
супстандарнди услови за живеење, а во првата Хабитат населба во
Македонија ќе се изградат 90 нови станови.
„Habitat for Humanity“ е американска мрежа според седиштето, а глобална според делувањето, и работи на искоренување на сиромашното домување. Една од најголемите глобални невладини организации постои веќе 32 години и има 2.700 филијали во 101 држава во светот со изградени повеќе од 290 илјади домови за семејства со потреба за нив. Инвестицијата во Велес чини 2,7 милиони долари, а ќе се гради околу три години. Мрежата набрзо ќе распише јавен конкурс преку кој заинтересираните ќе може да аплицираат за станбен простор. |
< Претходно | Следно > |
---|