Осветување на манастирот „Св. Илија“ во Велес |
20.10.2008. | |
![]()
На ден 19. 10. 2008 год., на празникот посветен на Свети апостол Тома, Митрополитот Повардарски г. Агатангел благоволи да го освети манастирот „Св. Илија“ кој се наоѓа во близината на Велес. На чинот на осветување на манастирот сослужуваа повеќе свештеници од епархијата.
Бројните верници кои го проследија чинот на осветување молитвено присуствуваа и на првата Света Божествена литургија во новоосветениот манастирски храм.
![]() ![]() ![]()
![]()
Овој свет христијански храм се градеше цели седумнаесет години со средства од граѓаните и донатори, а со поддршка од Повардарската епархијата. Во склоп на манастирот е изградена и трпезарија со кујна, а остануваат уште некои градежни работи за довршување на изградбата на конаците на манастирот, во кои ќе можат да престојуваат сите добронамерни православни верници.
![]()
|
< Претходно | Следно > |
---|