Црква Св. Никола - Велес |
14.06.2007. | |
Како и другите мали храмови, така и овој, посматран од надворешната страна ни малку не прилега на црква, туку како на некоја одбрамбена тврдина, чија големина изнесува околу 20 м 2 . Според мислењето на постарите Велешани, слични црквички по облик и димензија, постоеле и по други места на Велешко како и во Стариот Град. Инаку ни за овој храм како и за спомнатите не постојат историски податоци. Можеби и оваа црква му припаѓала на некој манастир, а веројатно на манастирот Св. Димитрија, во чија близина и се наоѓа. Инаку, што се однесува до нејзиното потекло, ако овој храм се спореди со другите од оваа област и нивните фрески по ѕидовите, може да се констатира оти храмот потекнува ве ројатно уште од X век, или нешто подоцна. До таков заклучок доаѓаат уметниците и археолозите, кои црквичката ја идентификуваат со Маркова Меана. Како потврда за ова мислење, можат да ни послужат следниве археолошки наоди и анализи на живописните фигури и натписите. Во почетниот слој, кој е делумно подоцна премачкан, јасно се гледа вообичаеното редење на иконите по ѕидовите како што се правело во византиско време, а кое е запазено и денес кај некои зачувани објекти од тоа време. При реновирањето, кое се вршело сукцесивно, како доказ ни служи самиот начин на ѕидањето, а и материјалот, кој е употребуван. Карактеристичните црти кај ѕидањето на нови хра мови или само доѕидувањето се во тоа, што во фундаментите до излезот на површината се употребувал необликуван камен, а во ѕидањето над земната површина употребуван е делкан ка мен — камен-бигор, во разни димензии, што зависело од големи ната на објектот. А употребувана е и тула во наизменично ре дење со делканиот камен, а сето тоа поврзувало со малтер од вар и песок. Оваа втора фаза на реновирањето, со цел на храмот да му се даде што потврда естетска физиономија, одлика е на српскиот период. Според тоа, таквите траги во живописот на фрески и модалитети во црковната иконографија, на науката и даваат можност да тврди дека сета ова уметничка дејност потекнува некаде од XIV век, или попрецизно од 1341 година. Аналогно на претходното излагање, а заедничко за повеќе наши храмови од постаро време, настанува тежок период во времето на турското владеење, кога се оди кон уништување или во најмала рака осквернување на нашите цркви, односно прет ворање во исламски верски објекти. Таква судбина не го заобиколила ни овој храм. На прво место, живописот е од основа уништен, така што ниедна композиција со ликовно определување не постои, па и написот на обновувачот делумно исчезнал. А од испрекинатиот краток текст со најмалку зборови не може да се види ни името на неговиот автор. За оштетувањето на црквичката многу придонело и тоа, што во времето кога се градела пругата Солун — Скопје — Приш тина, во нејзина близина бил отворен мајдан на камен за потребите на пругата, а црквата била приспособена како магацин на железничката секција, во кој се чувале алатите на работниците. Последното нејзино поголемо реновирање и живопис настанал во 1921 година. Додека, пак во 1939 и 1940 година извршени се уште некои дополнителни зогравдисувања. Изгледа со овој последен живопис се премачкани и последните траги на претходниот од српското време. Од еден заостанат, испрекинат и деформиран текст може да се заклучи, оти тој се однесува на посветата на црквата на Св. Никола, но од него не може да се насети името на добротворот. Денес црквата служи како параклис слично на Маркова Меана. |
< Претходно | Следно > |
---|