Осветување на манастирот „Св. Петка“, село С`лп |
13.10.2008. | |
На ден 11. 10. 2008 год. сабота, се изврши осветување на манастирот „Св. Петка“ во велешкото село С`лп. Со чинот на осветувањето на манастирот, началствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на свештеници од велешкото намесништво на епархијата.На чинот на осветувањето на манастирот присуствуваше многуброен народ од С`лп, околните села, од градот Велес, како и од други македонски градови.
Чинот на осветувањето на манстирот започна во 8, 30 часот, со пристигнувањето на архиерејот во манастирскиот комплекс. Откако храмот беше осветен, Митрополитот Агатангел отслужи Света Божествена Литургија.
Ктитор на манастирот е г-дин Зоран Темелков од Велес, со неговата фамилија.
На ктиторот на манастирот и сите заслужни луѓе, кои учествувале и ја помогнале изградбата на манастирот, Митрополитот Повардарски им додели благодарници. По повод осветувањето на манастирот беше организирана и културно-уметничка програма, а беше послужена и трпеза за сите присутни гости.
|
< Претходно | Следно > |
---|