14.06.2007. |
Се наоѓа на југ од градот, од десната страна на патот за Градско. Ова здание првин, беше Параклис, за некаде во деведесетите години од минатиот век да се преуреди и догради во помала црква. Постоењето на Параклисот не е точно утврден, но се претпоставува дека е од понов период.
- Црква Св. Недела
Оваа црква, за разлика од првите две, добро е запазена, така да голем дел од градското население ја посетува, главно на Цветници, Велики Петок и секоја не дела во времето од Велигден до Спасовден. Црквата се наоѓа на десната страна од реката Тополка, при нејзиното устие во Вар дар, а на околу 300 метри северо-западно од манастирот Св. Димитрија. Поставена е на една нерамна карпеста височина, прилично стрма над брегот од реката. Во однос на „Ка лето" од Стариот Град, таа се наоѓа на неговиот северен крај, на кој, изгледа, во свое време му служела како храм, за кој биле изградени и многу други верски објекти, од кои денес нема ни трага, а само спомени кај народот дека тие постоеле. И овој из гледа како нов поради зачуваноста и надворешииот облик, така што по се личи оти, како и двата спомнати, потекнува од време на византискиот период. И тој, е граден на ист начин и од таков материјал како и другите такви цркви.
-
-
-
Во поглед на ѕидањето и материјалот, како и живописот, се што се спомна за Св. Никола важи и за оваа црквичка.
Кон црквата води една прилично стрма патека од северната страна под самата „Цуцка". Тоа е шилеста карпа, висока око лу стотина метри и надвисната на реката Тополка од нејзината лева страна при самото нејзино устие во Вардар, а од источната страна над главниот пат и пругата Велес — Гевгелија.
- Црква Св. Ѓорѓи
Се наоѓа на северно-источната страна од градот, во месноста Прцорек. Таа по надворешниот изглед не се разликува од куќите околу неа додека внатрешноста целосно личи на црковен објект, бидејќи има олтар, иконостас и повеќе икони. За времето кога е направена нема точни податоци. Според едни извори таа е направена во 1740 година, а според други 1766. Вториот податок е земен од годината на една икона во црквата Св. Богородица за која се смета дека е најстара икона во Велес. Оваа црква служела и како училиште во кое се изучувал македонскиот јазик и писмо кои во тоа верме биле забранувани и напаѓани од грчката, турската, бугарската интелегенција која пак имала цел да го претопат македонското население. Се наоѓа на околу 2 километри јужно од градот , на десната страна од реката Вардар, под реката Тополка која се влива во Вардар.
|