


| Трет семакедонски црковен собор |
| 29.09.2008. | |
|
Силната и нераскинлива врска, која го поврзува македонското национално битие со православната вера, како основен мотив за формирањето и одржувањето на Семакедонскиот православен христијански собор, на овој трет по ред организиран собор уште еднаш беше цврсто потврдена и манифестирана. Архиереите на Македонската православна црква упатија апели за уште посилно зацврстување на таа врска, која го одржува македонското опстојување како непобитна реалност од самото зачнување на светот, па се до денес.
Овогодишниот собор се одржа во организација на Струмичката епархија, а духовен центар беше храмот „Св. 15 Тиверополски маченици“ во Струмица. Соборот започна со Света Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение на Митрополитот Струмички г. Наум, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, и Митрополитот Брегалнички г. Иларион.
На свечената академија реферат на тема „Преданието на исихазмот во
неговите догматски и аскетски рамки“ изложи архимандритот м-р Арсениј,
игумен на манастирот на свети Антониј Велики во Ново Село.
„Семакедонски
православен христијански собор“ е трет
ваков собор. Првиот беше востановен во 2005 г. во Архиерејскиот соборен храм
„Св. Климент Охридски” во Скопје, вториот се одржа лани во организација на Повардарската епархија, додека традицијата на оваа средба треба да се
потврди со четвртиот собор,
кој догодина ќе го организира Дебарско-кичевската
епархија на Македонската православна црква.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|