Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Цркви и манастири arrow Црква Св. Спас - Велес
Црква Св. Спас - Велес
14.06.2007.
  •  Црква Св. Спас - Велес
    Во подножјето на ридот Рамина е изградена црквата Св.Спас. Таа е во непосредна близина на градот, југоисточно, само на стотина метри оддалечена од последните градски куќи. Како таква, таа има отоврен видокруг кон долината на Вардар од задната страна и претставува спротивност на црквата Св.Пантелејмон, која се наоѓа на западната страна преку Вардар.
  •                                                    
Васил К’нчов вели дека на местото на Св.Спас некогаш постоела мала црквичка, односно да служела и како манастир. И во Енциклопедијата на лексикографскиот завод се спомнува дека таа потекнува уште од XIV век, а била обновена во XIX век. Христо Чочков подолго време се занимавал со историјата на овој град, и според него црквата Св.Спас потекнува од XVII век како претходница на спротивната црква Св.Пантелејмон.
                        
Нешто поблиску за староста на црквата може да се разбере и од надгробните споменици и гробишта, од чии плочи и камења сега е калдрмисан дворот на црквата. така, на пример, гробницата на браќата Шулеви- Петре и Јован, се наоѓа на јужната страна од храмот, во заградениот двор каде што се погребувале почесни и заслужни луѓе за црквата. Според надгробниот натпис се гледа дека Петре починал во 1868 година. Ако бил тогаш на 80 годишна возраст, како што мислат некои негови роднини, значи дека тој е роден околу 1780 година, од што следи оти црквата постоела пред таа година. Од друга страна, дека Петре бил добротвор на овој храм, што значи дека тој е подигнат пред неговото раѓање.
На истата страна од храмот, во црковниот трем, запишана е годината 1884, што е доказ дека тремот е граден тогаш, а пак за постоењето на црквата пред оваа година не располагаме со запишани траги. Од сево досега кажано може да се претположи дека црквата Св.Спас во текот на времето претрпела повеќе доградувања. Едно е само јасно, а тоа дека црквата е во поново време на два пати реновирана и декорирана, и тоа прво во 1908-1910 и вторпат во 1921-1922 година, кога се завршени последните зографски работи. Нив ги извел прочуениот велешки зограф Ѓорѓи. Ликовите му се дадени во една хармонична система, во полн склад со прилично стариот иконостас. Тие, подарени од велешките занаетчии, групирани се по еснафи. Тука се претставени еснафските патрони и под секоја икона стои името на дародавецот, т.е. на еснафот.
                                                  
Иконите и иконостасот се од постаро време, а по големина сите се еднакви и претставуваат една симетрично-декоративна целина. Најстарата икона во градот е иконата на Св.Ное, која потекнува од 1817 година. Потоа иконата на Св.Петар и Св.Павле, која датира од 1819 година. Во секој случај, да беа постоеле и други временски траги, можеби ќе ни помогнеа да се доближиме до точното време на постанокот на оваа црква. Но за жал тие се нешто намерно, а нешто случајно уништени, каков што е случајот и со плочите на спомениците, употребени за поплочување на црковниот двор и тремот на црквата. Еден голем дел од нив се извадени при реновирањето на црквата. Така собраниот материјал подоцна е употребен при ѕидањето на камбанаријата, чешмата, а најмногу при правењето на ограда околу гробиштата.
Освен црковната зграда, во дворот на црквата Св.Спас постоеле и други помошни простории. Меѓу овие се истакнува камбанаријата, која не е од стар датум, што се гледа и по самата нејзина конструкција и материјалот. Во секој случај камбанаријата не е постара од 1912 година, бидејќи пред тоа за оглас на црковните служби биле употребувани клепала.
Црквата се раководела од црковен одбор, кој го сочинувале чесни и заможни граѓани на Велес. Тоа биле ктиторите, на чело со надлежните свештеници. Тие играле голема улога во нормалното функционирање на црквата . Се грижеле за сите потреби на црквата и на населението во врска со нивните религиозни потреби.
Според сево ова речено досега, црквата Св.Спас покрај својата религиозна улога, за челичење на духовната моќ, за стабилизирање на верското влијание во мачниот период под отоманското владеење играла голема улога, за која се спомна во написот само еден дел. Таа по разни други тајни канали ја помагала и востаничката улога на нашиот народ против сите ненародни влијанија на македноската битност.
 
< Претходно   Следно >