Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна
Осветување на црквата „Св. Никола“ - с. Опеница, Охрид
 
 
Sample Image
 
 
На 08. 06. 2008 година, ден недела, во сослужение на Митрополитите Дебарско-кичевски г. Тимотеј и Повардарски г. Агатангел беше извршено осветување на црквата „Св. Никола“ во село Опеница, Охридско. На чинот на осветувањето на црквата сослужуваше и бројно свештенство од Дебарско-кичевската и Повардарската епархија. По чинот на осветување на црквата се отслужи Света Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше надлежниот Митрополит г. Тимотеј.
 
 
 Sample Image
 
 
Sample Image
 
 
 Sample Image
 
Sample Image 
 
 
 
 Sample Image
 
 
Sample Image
 
 
Sample Image
 
 
Sample Image
 
 
Sample Image
 
 
Sample Image
 
 
Sample Image
 
 
Sample Image
 
 
Sample Image
 
 
Sample Image
 
 
Проповед

 

 

Митрополит Тимотеј

 

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух,

 

Свети апостол и евангелист Матеј во неговото свето евангелие ни опишува еден настан како доаѓа еден младич кај Исуса Христа со желба да дознае какво добро дело треба да направи за да има живот вечен. "Еден човек кога пристапи до Него, Му рече: Учителе добар, какво добро треба да направам за да имам живот вечен "?...( Мат. 19,16).

Нема никаква поделеност во сознанието дека секоја душа човечка има желба и жеднее за бесмртноста, за вечен живот. И нашиот Спасител Господ Исус Христос е дојден на земјава со намера да ни понуди вечен живот, и да имаме живот и изобилности. Но се прашуваме како се постигнува живот вечен? Се постигнува со вера во Бога и исполнување во се на заповедите Божји и светата волја Божја во земниот живот. На ова прашање ни дава многу јасен и недвосмислен одговор Господ Исус Христос со следните зборови:"А живот вечен е тоа, да Те познаат Тебе единиот вистински Бог, и испратениот од Тебе Исуса Христа..."(Јн.17,3).Сега би се поставило второ прашање: дали може Бог да биде предмет на нашето сознание? Можно ли е човек со своето ограничено знаење да Го сознае Бога Кој е неограничен. Во една молитва на светата литургија св. Јован Златоуст вели: "Ти си неискажлив Бог, кој не може да се запознае, невидлив си и нодостижен..."Ние Бога не можеме да Го сознаеме според Неговата суштина, но можеме да ги запознаеме Неговите својства во колку ни се откриваат по патот на Божјото откровение, како по природно така и по натприродно откривање.

Во природата се открива како семожен и природен, а во историјата како промислител. Преку избрани луѓе, Бог ни ја открива својата Божествена волја, а преку Својот Единороден Син ни се открил самиот Себе. Свети апостол и евангелист Јован има речено: "Бога никој никогаш не Го видел; Единородниот Син Кој е во крилото на Отецот - Он Го објави"

(Јован 1,18). Синот Божји дојде и ни даде разум да Го познаеме вистинскиот Бог, за што ни сведочи св. апостол Јован богослов. Преку познавањето на Бога и на Неговиот закон, ние ја исполнуваме светата волја Божја. Знаеме дека Господ Исус Христос има речено: "Вистина, вистина ви велам: кој ќе Ги запази зборовите Мои, нема да види смрт до века"( Јован 8, 51).

Кој живее според зборовите Божји - и ги исполнува заповедите Негови - тој вечно ќе живее.

Но познавањето на Единиот и вистинскиот Бог и Неговиот Единороден Син Исус Христос, треба да е вистинско и правилно, бидејќи само тоа правилно познавање на Неговата наука, и живеење според неа, ни гарантира живот вечен. Од секогаш нашиот непријател, ѓаволот - таткото на лагата и измамата, кој не сака ние да добиеме вечен живот, вметнува во нас гранчиња на лаги и со тоа сака да не одврати, (VI правилното познавање на Бога, и со тоа да не спречи да го добиеме вечниот живот.

Во минатата историја имало, а и денеска има лажни и погрешни вистини за Бога. Нашата света Црква со векови водела тешка борба со проповедниците на лажните погрешни учења - со еретиците. На светите Вселенски собори, на кои учествувале христијанските учени теолози - Светите оци вдахновени од Светиот Дух, ги осудувале таквите погрешни учења - еретиците; ја утврдувале вистинската наука Христова и преку дејството на Светиот Дух, го формирале правилното учење за Бога, за Неговиот Син и за останатите верски вистини.

Денеска молитвено се сеќаваме на светите и богоносни оци, и тоа 318-те на Првиот Вселенски собор, кој се одржал во Никеја, Мала Азија, денешна Турција, во 325 година во црквата света Софија, а по желба и со свикување на царот Константин Велики. На овој собор едногласно било осудено погрешното учење на александрискиот свештеник Арије. Овој еретик погрешно учел дека Синот Божји Господ Исус Христос не е вистински Син Божји и Единосушен на Бога, совечен и еднаков според честа на Бога Отецот, туку дека е во времето создаден од Бога. Светите оци на овој собор раководени од Светиот Дух, го установиле правилното учење за Господа Исуса Христа, и ги составиле првите осум члена од Символот на верата, а кој е познат под името Никео-цариградски, кој и денеска се чита во нашите православни цркви и манастири на богослужби те посебно на секоја света литургија и светата тајна крштение.

И денеска имаме лажни учења, чии следбеници просто како оси ги напаѓаат нашите верници по улиците и домовите, нудејќи им најразлични книшки и брошури со тие нивни лажни учења. Повикувајќи ги да им се придружат; дека само  кај  нив  е  вистинската  вера,  дека само преку нив ќе се спасат и слични лаги и измами. Нека се тие спасуваат со нивните и таквите учења, а нас и нашите верници нека не остават на мир, да си ја исповедаме нашата стара, прадедовска вера, која преку наша тешка, но и света и светла историјата не сочувала и го однегувала во Бога и нашиот православен македонски народ и морално и духовно одгледала безброј наши свети како наши молитвеници.

Да се помолиме на единиот и милостивнот Бог наш, да ни го зачува светол и бистар умот, да можеме правилно да го познаеме едниот и вистинскиот Бог Отец и во светлината на Богопознанавањето и богоугоден и непорочен живот да одиме само по патот Христов, кој сигурно ќе не одведе кон вистинскиот Бог, Кого го славиме, и од Него да наследиме вечен живот. Амин!

8.06.2008 г.          црква св. Никола

Опеница           Осветување на црквата


 

 
< Претходно   Следно >