Рождество Богородично |
22.09.2008. | |
На празникот на раѓањето на Мајката Божја, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Демир Капија отслужи Света Божествена Литургија. На Литургијата сослужуваа свештенослужители од Велес, Кавадарци и Демир Капија.
На празникот на раѓањето на мајката над сите мајки, мајката од чија утроба се роди Спасителот на светот, која што прва го слушна гласот на ангелот како и довикува: „Радувај се, благодатна! Господ е со тебе! Благословена си ти меѓу жените!“, многуброен народ доаѓа да ги посети Божјите храмови низ целиот свет и со молитвено поклонение и молитви кон Божјата Мајка да го побара нејзиното застапништво пред престолот на Господ Бог, Исус Христос.
Верниот народ се причести со Светите Христови дарови.
|
< Претходно | Следно > |
---|