Сведоштва на самата природа за постоењето на Бога |
18.09.2008. | |
Сведочи вселената. Со усовршувањето на с# поголеми и помоќни телескопи, астрономите во нашево време успеале да продрат во неизглаголиви длабочини на вселенскиот простор и таму на раздалеченост од пет и повеќе милијарди светлосни години да откриваат цели светови, со милијарди ѕвезди и сонца во нив, поголеми од нашата галаксија Млечен пат (или Кумова слама, како што ја нарекува народот), на која ì припаѓа нашето Сонце со нашата Земја и со останатите свои планети. Денес во науката се смета дека такви галаксии (ѕвездени населби или градови), со милијарди ѕвезди и сонца, многу поголеми отколку што е нашето Сонце, има околу две милијарди. Секоја галаксија претставува посебен свет, има свое уредување и свои патеки на движење. Бидејќи с# се движи: секое небесно тело поединечно, и секоја ѕвездена населба заедно; и с# строго се држи до определената патека. Тоа сведочи дека со Вселената управува разумно битие – Бог. Сведочи атомот со своето чудесно уредување и законитоста која владее во него. До пред една до две децении во науката се сметало дека атомите се најситните делчиња на материјата во светот, кои повеќе не можат да се делат (атом - значи неделиво). Но, научниците биле вчудовидени кога со помош на сè посовршените микроскопи и другите апарати откриле: прво, дека атомите се состојат од уште поситни честички: протони, неутрони, електрони, позитрони, мезони итн.; досега се откриени повеќе од 100 видови на такви честички; второ, дека по своето уредување атомот е сличен на нашиот Сончев систем во мало: околу јадрото на атомот, кое го сочинуваат електрично наелектризирани протони и неутрални неутрони, кружат, како планетите околу своето сонце, негативно наелектризирани електрони; трето, меѓусебниот броен однос на протони и електрони е однапред смислен, бидејќи математички, секогаш е еднаков: колку протони, толку и електрони, ни помалку, ни повеќе. Тоа сведочи дека го замислила и изградила разумна сила. Ова го признаваат највидните научници. Иако длабоко продреле во тајната на атомот, научниците изјавуваат дека уште не се исцрпени сите тајни. С# уште не се знае ништо за силите кои управуваат со движењето на честичките во атомот. Затоа тие сметаат дека науката с# уште не дала одговор на прашањето: Што е материја и од што е всушност таа составена? Сведочи чудесното уредување на човечкото тело и неговите органи. Колку што е чудесна и таинствена Вселената и атомот во неа, не помало чудо и тајна е и човекот. Секој орган од човечкото тело со својата организација и целисходни функции е посебно чудо: срцето и крвотокот, црниот дроб, белите дробови, бубрезите, стомакот, очите, ушите. С# функционира автоматски по строго утврден план и однапред одредена цел, независно од нашата волја. Од ова јасно се гледа дека Творецот на вака сложени органи бил разумно битие – Бог. Сведочат и сите останати живи суштества: на земјата, во водата и воздухот. Научниците кои ги проучуваат живите созданија во природата не можат да $ се изначудат на семоќта и мудроста на нивниот Создател, кои се гледаат како во создавањето на толку многу различни животински видови (ги има над еден милион), од најмали до најголеми, така и во чудесната организација на нивните животи и размножувања. Целиот нивен живот и постапки течат по претходно утврден план и насочени се кон одредена цел. Животните не се свесни ни за едното ни за другото, ама непогрешливо ја спроведуваат замислата на својот Создател и ги извршуваат задачите кои Он ги задал на нивниот вид. Сведочи интелигенцијата и целисходното однесување на многу животински видови. Дека неразумните животни можат во многу работи да им послужат како учители на разумните луѓе, тоа било познато од пред повеќе илјади години. Старозаветниот мудрец ги советува мрзливците да се угледаат на трудољубивоста и мудроста на мравките и пчелите: „Оди кај мравката, мрзливче, види ја нејзината работа и биди мудар. Таа нема нити началник, ни настојник, ниту заповедник; но ја приготвува храната лете, ја собира во време на жетва храната своја. Или оди кај пчелата и види, колку е трудољубива, каква пофална работа врши; трудот нејзин го употребуваат за здравје и царевите и обичните луѓе; неа сите ја сакаат, и таа е славна; иако по силата е слаба, но по мудроста е почитувана“ (Изрек. 6, 6-8). Денешните научници $ се восхитуваат на мудроста, организациските и градителски спсобности и на многу други од животинските видови: од царството на инсекти (на пајакот), од водоземците (на дабарот), од птиците (на ластовицата, пингвинот) и други. Луѓето, и покрај тоа што се надарени со разум, често настрадуваат од отровни печурки или треви, а на животните тоа никогаш не им се случува, иако немаат разум, ниту го имаат она познавање од ботаниката, кое го имаат луѓето. Животните точно знаат кои видови на билки се корисни за храна, а кои штетни, па првите ги употребуваат, а вторите ги избегнуваат, иако тие се наоѓаат едни покрај други. Така, според внимателното проучување на научниците, говедата за своја храна употребуваат 276 видови на билки, а избегнуваат 218. Овците користат 387 видови, а избегнуваат 141. Козите јадат 449 видови, а не допираат 126. – Кој ги научил животните на ова? Сведочи секое создание: тревата, билките, цвеќето, ливадите, шумите, долините, изворите, потоците, реките, езерата, морињата, воздухот, облаците, наизменичното сменување на денот и ноќта и годишните времиња. Со еден збор: сета природа. Тоа едногласно сведоштво на природата го нарушува само по некој човек со одбивањето да го признае Создателот, иако го признава владеењето на законот во природата. Нема закон без законодавец. Бесмислено е да се зборува за законот (еден или повеќе), а во исто време да се одрекува постоењето на законодавецот. Тоа е исто како некој да го признава уметничкото дело и да му се восхитува, а да го негира неговиот творец – уметникот. Законот е дело на мисли, планирања, предвидувања; реализација на желби, намери, посакувања и цели. Зад законот задолжително мора да постои умно битие, коешто размислува и предвидува и во состојба е да го реализира својот план на целисходен начин. А кога станува збор за Вселената и за законите кои со неа управуваат, тогаш тоа умно битие мора да биде личносно, свесно, семоќно, премудро и совршено. А тоа е Бог. Со случајноста не можат да се објаснат поредокот и целисходноста во природата. Од секојдневното искуство знаеме дека во светот нема ниту еден предмет, чиешто постоење се должи на слепата случајност, а најмалку тоа може да биде онаа Вселена во нејзината целост, која е одраз и дело на умно битие, семоќно, совршено и премудро, а во која владее совршен поредок, хармонија и целисходност. Најголемите научници од областа на физиката и астрономијата ја отфрлаат хипотезата дека Вселената е дело на слепата случајност и речиси едногласно признаваат дека таа е реализирана мисла на разумно битие – Бог.
|
< Претходно | Следно > |
---|