Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow За православната вера и живот... arrow Гробни натписи
Гробни натписи
18.09.2008.

 

 

Натписот на гробот на Коперник. Славниот полски астроном Никола Коперник (1473-1543), писател на познатото дело „За кружењата на небесните светови“, во коешто го срушил дотогашното верување дека Земјата е центар на светот и укажал дека таа се врти околу Сонцето, кажал да се напишат следниве стихови на неговиот надгробен споменик:

Благодатта која си му ја дал на Павле

Не ја барам јас, туку Тебе Те сакам.

Ни клучевите што си му ги дал на Петра

Заради исповедањето: „Те љубам“ – не ги сакам.

Само една, Милостиви,

Од тебе барам милост:

Онаа што на разбојникот му ја даде,

Издигнат на крстот:

„Денес ќе бидеш со мене во рајот!“

Натписот на гробот Њутнов. На гробот на славниот англиски математичар, физичар, астроном и философ Њутон (1642-1727), којшто го открил законот на гравитацијата и составот на светлината, стои следниов натпис: „Тој со својата философија ја прославуваше Божјата семоќ, а со својот живот ја олицетворуваше евангелската простота“.

Натписот на гробот на Бенџамин Френклин. Тој бил еден од најистакнатите луѓе на XVIII век во Америка (1706-1790). Борец за независност и мултигенијален човек: печатар, писател, природник, пронаоѓач на громобранот. А пред с# бил многу побожен, за што сведочи овој натпис на неговиот гроб, што самиот тој го составил: „Овде почива телото на печатарот Бенџамин Френклин, како корица на една стара книга, од која се извадени листовите. Но листовите не се изгубени. Тие ќе се појават еден ден во ново и поправено издание“.

Со ова Френклин сакал да каже дека душата е одвоена од телото како листовите од корицата. Но во денот на воскресението ќе се појави подобра и поубава, како книга во ново издание (Спираго 324, стр. 149).

 

 
< Претходно   Следно >