Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Прослава во Бигорскиот манастир
12.09.2008.
 
 
Sample Image
 
 
Празникот Отсекување на главата на св. Јован Крстител, предвесник Господов, е празник кој торжествено го одбележува и прославува Македонската православна црква, а велелепниот манастир „Св. Јован Бигорски“ е духовниот центар на молитвеното заедничарење на голем број верни души на овој празник. Таму, секоја година, со голема радост и почит доаѓаат голем број на верници и посетители од разни националности и вероисповеди за да се помолат пред чудотворната икона на св. Јован Крстител.

 


 

Sample Image
 
 
Во прекрасната црква, верниците исполнети со голема радост и љубов и со молитвен дух кон патронот и заштитникот на Бигорскиот манастир, присуствуваа на Вечерната богослужба со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во присуство на надлежниот архиереј г. Тимотеј, како и во сослужение на архимандритот Партениј и свештенослужители од Дебарско-кичевската епархија.
 
 
Sample Image
 
Sample Image
 
Sample Image

   

        Дводневното празнување почна во средата вечер, со бдеење и вечера за гостите, а продолжи и вчера, на самиот празник, кога беше отслужена Божествена Литургија, а после Водосветот и прекршувањето на празничниот леб за сите присутни беше подготвена трпеза на љубовта, исто како и претходната вечер. Освен верници од сите краеви на Македонија, гостин беше и евроамбасадорот Ерван Фуере. Тој присуствуваше на замонашувањето на еден од браќата (Костадин Пеев) кој токму на овој празник минатата година ”стави метанија” и стана “послушник”. Доскорешниот искушеник, Костадин Пеев,  го зеде црковното име Порфириј.    

 

 

 

 

  


 
Sample Image
 
Sample Image
 
 
 
 
 
 
 
  
 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

  Повеќе од 2.000 верници го празнуваа православниот празник Отсекување на главата на св. Јован Крстител во манастирот „Св. Јован Бигорски“ .

 
< Претходно   Следно >