Св. Јоаким Осоговски |
1.09.2008. | |
На денот кога нашата Света Православна Црква го слави споменот на преподобниот отец наш, светиот Јоаким Осоговски, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, на покана на Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил богослужеше во велелепниот храм на овој светител крај Крива Паланка, каде почиваат неговите мошти.
Во предвечерјето на големиот празник се отслужи вечерна богослужба, со која чиноначалствуваше Митрополитот Агатангел во сослужение на бројно свештенство од Полошко-кумановската епархија.
На самиот ден, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Божествена Литургија.
Голем број на верници се причестија со Светите Христови дарови.
По завршувањето на Литургијата, Митрополитот и бројното свештенство се упатија во дворот на манастирот, каде осветија вода за здравје и спасение на луѓето и ги прекршија славските колачи.
Во овој наш велелепен манастир, на денот кога се празнува споменот на неговиот патрон, доаѓаат илјадници верници да се поклонат пред гробот на преподобниот отец и молитвено да го побараат неговото застапништво пред престолот на нашиот Бог, Исус Христос за здравје и спасение на нивните души.
|
< Претходно | Следно > |
---|