Успение на Пресвета Богородица - Литургија |
28.08.2008. | |
На празникот на Успението на Пресвета Богородица, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на архиерејските намесници од сите намесништва на епархијата и бројно свештенство отслужи Света Божествена Литургија.
На Литургијата присуствуваше и министерот за образование и наука, г-дин Перо Стојановски, како и градоначалникот на општина Велес, г-н Аце Коцевски и велешките пратеници во Собранието на Република Македонија, Горан Петров и Илија Димовски.
Голем број на верници се причестија со светите Христови дарови.
|
< Претходно | Следно > |
---|