Од посетата на Хунзите на Македонија |
26.08.2008. | |
![]()
Висока делегација на Хунзите, кои се сметаат за потомци на Александар Македонски, предводена од кралот и кралицата на Хунзите престојуваше во Македонија од 11.07. 2008 до 18. 07 2008 година.
Хунзите зборуваат на старомакедонски јазик и живееат
на најисточната точка од поранешното кралство на Александар Македонски.
![]()
Шестчлената
делегација, предводена од принцот Газафар Али Кан со титула мир и неговата
сопруга, принцезата Рани Атика, беше дочекана со фаланга и македонско лебче.
Делегацијата на Хунзите во својот престој во
Македонија беше примена од Архиепископот на Македонската православна црква Г.Г.
Стефан, премиерот на Македонија г-н Никола Груевски, Митрополитот Повардарски
г. Агатангел, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар и голем број други
организации и градски власти на општините што тие ги посетија при својот
престој.
При престојот, Хунзите имаа можност да се
запознаат со голем дел од традициите и обичаите од богатата културна ризница на
нашата земја.
![]()
Средба со градоначалникот на Скопје, г-н Трифун Костовски.
![]()
Посета на црквата „Св. Петар и Павле“ во Скопје.
![]() ![]()
На Петровден тие присуствуваа на традиционалната Галичка свадба.
![]() ![]()
Отец Доситеј ги запозна гостите со историјата на Бигорскиот манастир, при нивната посета на еден од нашите најубави манастири.
![]() ![]()
При посетата на Охрид, неизбежна е посетата на Светиклиментовата црква на Плаошник и Самоиловите тврдини.
![]() ![]()
Во рамките на својата посета, Хунзите беа гости и на Митрополитот Повардарски г. Агатангел.
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]()
При посетата на Битола и Прилеп нивен домаќин беше Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар.
![]() ![]() ![]() |
< Претходно | Следно > |
---|