Архиерејска Литургија - Преображение |
20.08.2008. | |
Преображението на Господ Исус Христос на планината Тавор е празник на кој луѓето масовно ги посетуваат православните храмови ширум нашата земја, за молитвено да Му се поклонат на Спасителот. По повод големиот христијански празник Митрополитот Повардарски г.
Агатангел во сослужение на повеќе клирици отслужи Божествена Литургија
во црквата „Свети Димитриј“ во Кавадарци.
На почетокот на свечената Литургија, Митрополитот Агатангел благоволи и го произведе го чин чтец ученикот од Македонската православна богословија, Ѓорѓи Лазов.
На Светата Литургија, Митрополитот се обрати со празнично
слово кон собраниот верен народ, толкувајќи го Светото Преображение на Господ
Христос пред тројцата Негови ученици.
Митрополитот Агатангел ги причести верниците, а потоа заедно со
свештенослужителите пристапија на средината од храмот, каде што извршија
осветување и благословување на грозјето коешто верниците го донесоа од
своите лозја и ги прекршија и
благословија празничните лебови.
|
< Претходно | Следно > |
---|