Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Св. Пантелејмон - Велес
11.08.2008.
 
 
    Sample Image
 
 
Со Архиерејска Божествена Литургија, со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на бројно свештенство од намесништвата на Повардарската епархија, беше одбележан големиот христијански празник посветен на Светиот великомаченик Пантелејмон.
 
 
 

   



 

   

    На Литургијата во Соборниот храм посветен на овој голем светител, кој воедно се смета и за заштитник на градот Велес и неговите жители, традиционално молитвено присуствуваа голем број верници.  Во беседата искажана на Литургијата, Митрополитот Повардарски г. Агатангел упати порака да го следиме примерот на Светиот маченик Пантелејмон, кој следејќи го патот Христов го поделил целото свое богатство со сиромасите, пронаоѓајќи го својот мир во помагањето на болните во името на Христа. Воедно, во своето празнично слово Митрополитот ги повика родителите на оние деца кои од годинава треба да ја следат веронауката во училиштата, да им дадат целосна поддршка на своите деца, да имаат доверба во нашата Света македонска православна црква и да не го попречуваат проектот веронаука, кој од годинава повторно ќе започне да се реализира во рамките на образовниот процес во Република Македонија.

 

 

Sample Image
 
 
Sample Image
 
 
Sample Image
 
 
Sample Image
 
 
Sample Image
 
 
Sample Image
 

 

       Архиерејската Литургија беше проследена со ангелските звуци на црковно - народниот хор „Св. вмч. Пантелејмон“.

 

 

 

Sample Image
 
 
По завршувањето на Литургијата беше осветена вода и беа прекршени празничните колачи.  
 
 
Sample Image

 

       Во предвечерјето на големиот христијански празник се одржа и Вечерна Богослужба на која беше отслужен акатистот на Светиот маченик Пантелејмон.

 

 

  • Кратко житие на Светиот великомаченик Пантелејмон

Родум од Никомидија, од мајка христијанка и татко незнабожец. Мајка му се викаше Евула, а татко му Евсторгиј. Како момче ја изучи лекарската наука. Свештеникот Ермолај го повика кај себе, го научи на верата во Христа и го крсти. Пантелејмон чудотворно излечи еден слеп когошто другите лекари залудно го лечеле: го излечи со името на Христос и го крсти. Од завист лекарите го обвинија дека е христијанин, па Пантелејмон излезе на суд пред царот Максимијан. „Со телото застана пред земниот цар, а со умот стоеше пред Царот небесен“. Тој слободно изјави дека е христијанин и пред очите на царот излечи еден фатен човек од долгогодишна болест. Ова чудо ги привлече кон Христа многубројни незнабожци. Царот го подложи Пантелејмон на маки, но Господ му се јави на светителот неколкупати и го избави цел и неповреден. Тогаш пострада и Свети Ермолај заедно со Ермип и Ермократ. Кога беше осуден на смрт, Пантелејмон клекна на молитва. Во тој миг џелатот го мавна со меч по вратот, а мечот се скрши како да беше од восок. И џелатот не можеше да го погуби додека светителот не ја заврши својата молитва и самиот не рече да го заколат. Неговите мошти станаа исцелителни. Свети Пантелејмон беше заклан под некоја маслинка, којашто потоа целата се закити со плод. Името Пантелејмон значи „семилостив“. Семилостивиот Бог ја прими неговата праведна душа и го прослави меѓу Своите големи светители. Овој прекрасен маченик пострада чесно за Христа во својата младост, на 27 јули 304 година. Свети Пантелејмон се повикува при молитвите на водоосветување и елејоосветување (осветување на масло) заедно со Свети Ермолај и останатите бесребреници и чудотворци. Најубавиот храм посветен на овој светител се наоѓа на Света Гора.

 

 
< Претходно   Следно >