Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Раѓање на Св. Јован Крстител - Неготино
8.07.2008.
 
 
Sample Image
 

 
На празникот на кој го славиме Раѓањето на Свети Јован Предвесник и Крстител Господов, во храмот „Св. Атанасиј“ во Неготино беше отслужена Света Божествена Литургија. Во сослужение на повеќе клирици од Велес, Кавадарци и Гевгелија со Архиерејската Литургија чиноначалствуваше Митрополитот на Повардарската епархија г. Агатангел.
 

 

 

Sample Image

 

Sample Image

 

Sample Image

 


  

На Литургијата присуствуваа голем број на верници од Неготино и околните места. Некои од присутните верници се причестија со Светите Христови дарови, а по завршувањето на Литургијата беше осветен и празничен колач за здравје и спасение на верниците.

 


 

 

 

Sample Image

 

Sample Image

 

Sample Image

 

Sample Image

 

Sample Image

 

 




 

 

 

Раѓањето на Свети Јован Предвесник и Крстител Господов   

 

    Шест месеци пред своето јавување на Пресветата Дева Марија во Назарет, великиот архангел Божји Гавриил му се јави на првосвештеникот Захариј во ерусалимскиот храм. Пред да го објави чудесното зачнување на безмажната девица, архангелот го објави чудесното зачнување на една бездетна старица. Захарија не поверува веднаш во зборовите на Божјиот известител и затоа јазикот му се врза со немост, па остана нем сѐ до осмиот ден по раѓањето на Јован. Тој ден се собраа роднините на Захарија и Елисавета за обрезание на младенецот за да му биде дадено име. Па кога го прашаа таткото кое име би сакал да му го даде на синот, тој бидејќи нем напиша на табличка: Ј о в а н. Јазикот му се одврза во тој час и тој почна да говори. Домот Захариев беше на височината меѓу Витлеем и Хеврон. Гласот дека на Захарија му се јави ангелот Божји, дека онеме, а потоа му се одврза јазикот штом го напиша името Јован, се разнесе по сиот Израил. Овој глас дојде и до Ирод. Затоа Ирод, кога испрати да се заколат децата во Витлеем, прати луѓе и во ридското престојувалиште на семејството Захариево, за да го убијат и Јован. Но Елисавета благовремено го сокри детето. Разјарен од ова, царот Ирод испрати џелати кај Захарија во храмот (зашто се погоди тој повторно беше чреден за служење во ерусалимскиот храм) да го убијат. Захариј беше убиен меѓу притворот и храмот, а неговата крв се засири и се скамени на плочите и остана како неизбришливо сведоштво против Ирод. Елисавета со детето се скри во една пештера, во којашто набрзо таа умре. Младенецот Јован остана сам во пустината, препуштен на грижа на Бога и Неговите ангели.

 
< Претходно   Следно >