40 - та генерација македонски богослови |
4.07.2008. | |
МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА СВЕЧЕНО ГО ЧЕСТВУВАШЕ ЗАВРШНИОТ ИСПИТ НА MAТУРАНТИТЕ
ОД 40- ТА ГЕНЕРАЦИЈА БОГОСЛОВИ ВО МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА БОГОСЛОВИЈА „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - СКОПЈЕ
Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски” и ова 2008-mo лето Господово, приреди прослава по повод зрелосниот испит на матурантите. Со тоа Македонската православна црква го потврдува автокефалното и самостојно живеење со полн богоугоден и црковен живот. Изминаа дваипол века од неканонското и неправедно укинувањена авторитетната Охридска архиепископија од страна на турскиот султан Мурат Мустафа III со помош на патријархот цариградски Самуил Ханџери, изминаа 50 години од Vториот црковно-народен собор во 1958 година, кога се донесе одлука за самостојност на Македонската православна црква и 41 година од Tретиот црковно-народен собор во 1967 година кога беше и возобновувањето на автокефалноста на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква.
Богословијата е формирана веднаш со самото возобновување на автокефалноста на МПЦ. Првото нејзино битисување било во Кучевишкиот манастирски комплекс, но подоцна е префрлена во Драчево. Сега темелно е реновирана и изградена, па може да се каже дека навистина САС на МПЦ твори, создава и мисли, како за клирот, така и за подмладокот .
Наставничкиот совет на Македонската
православна богословија со
Ректорот, Негово Високопреосвештенство
Митрополит Повардарски г. Агатангел, матурските испити одлучи да бидат
од 02.06. до 14.06. 2008 година под надзор на пратеникот на Светиот Архиерејски Синод протоѓакон г-дин. Славе Пројкоски кој воедно е уредник
на Службениот весник на МПЦ. Со своето присуство свеченоста благоволија да ја збогатат Негово Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, како и високопреосвештените Митрополити: Повардарски г. Агатангел, кој воедно е и ректор на Македонската православна богословија, и митрополитот Брегалнички г. Иларион.
![]() ![]()
На свеченоста присуствуваше професорскиот колегиум на Богословијата, деканот проф. д-р протоѓакон Ратомир Грозданоски, новоизбраниот декан проф. д-р свештеник Ацо Гиревски, продеканот проф. м-р Петко Златески и проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски (сите редовни професори на Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски“- Скопје), свештенослужители, градоначалникот на општина Кисела Вода Џорџе Арсов и други вљубеници на образовно-просветителското дело на Богословијата.
|
< Претходно | Следно > |
---|