


| Архиерејска Литургија - Велес |
| 30.06.2008. | |
|
На 29. 06. 2008 година, недела, во храмот посветен
на Успението на Пресвета Богородица во Велес, беше отслужена Света Архиерејска
Литургија. Во сослужение на повеќе клирици на епархијата, со Литургијата
чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел.
На почетокот на Божествената
Литургија, Митрополитот благоволи и го произведе во чин протоереј, свештеникот
Благој Гушков, на кого ова му беше последна богослужба во долгогодишната служба
во клирот на Повардарската епархија, по што протоерејот ќе продолжи со својата
пастирска дојност во клирот на Брегалничката епархија. Митрополитот Агатангел
во своето слово изречено по повод произведувањето на новиот протоереј, му се
заблагодари за долгогодишната успешна пастирска дејност на протоерејот Гушков
во Повардарската епархија и му посака уште долги години да работи успешно на
нивата Господова.
На Литургијата, во првата недела од Петровденските
пости традиционално имаше многумина кои дојдоа да застанат пред Светиот Путир и
да се соединат со Христа, примајќи ја Светата Причест.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|