Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Црковен Хор arrow За црковниот хор
За црковниот хор
30.05.2007.
Црковниот хор „Св. Вмч. Пантелејмон” е формиран во февруари 2004 г., по иницијатива на Повардарската православна епархија на Македонската православна црква, од тогашниот епархиски секретар Зоран Грозданов и со заедичка поддршка на свештнството во Велес.

Хорот по својата структура е мешан – камерен и денес брои 20 члена. Свој промотивен настап, хорот одржа во октомври 2005 г. во Соборниот храм „Св. Вмч. Пантелејмон” во Велес. Овој хор зема активно учество на сите богослужби, на почетокот во храмот „Св. Вмч. Пантелејмон “ и црквата „Успение на Пресвета Богородица” во Велес, а подоцна и низ храмовите на целата Повардарска епархија – Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Демир Капија итн.

 

Sample Image

 

 

 


 
 
 

 

 

 

Sample Image

    

                          

Sample Image

 


 
 
 
Sample Image

 

Својот квалитет и ентузијастички дух и како ансамбл го потврдува и надвор од границите на нашата земја, претставувајќи ја Република Македонија на Првиот Балкански Хорски фестивал 2006 г. во Свиштоф, Република Бугарија, покрај хорови од Србија, Црна Гора, Бугарија и Грција. Таму хорот, со забележителен настап интерпретираше духовна и световнма музика. На овој фестивало, покрај програмата во читалиште, хорот имаше настап и во црквата „Св. Преображение”.

Оваа година на 12 мај, хорот беше поканет на првиот хорски фестивал на црковна музика „Јустинијана Прима”, кој исто така беше од ревијален карактер и се одржа во црквата „Св. Спас” во Скопје, со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан.

Хорот, освен примарната цел – учество на богослужби, учествува и на разни музичко – културни манифестации во градот, како на манифестацијата Велес – град на културата 2005 г., па поради тоа и репертоарот на хорот е разновиден, но сепак преовладуваат духовните композиции од домашми и странски музички автори.

 

Репертоар: - „Божествена Златоустова Литургија” – Атанас Бадев

-           Италијанска ренесанса

-           Изворни песни на преработка за мешани хорови Д. Шуплевски

-           Чајковски, Д. Христов, Борњански, Архангелски...

-           Акапелни композиции

 

Со особена чест, на крај, ја потенцирам огромната поддршка за понатамошниот развој на хорот, дадена од Митрополитот на Повардарската епархија г. Агатангел.

Хорот и понатаму работи на полето на духовната музика под диригентство на проф. Славица Ставрева.


 

                                                                       

Sample Image


 

Проф. Славица Ставрева

 
< Претходно