Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Башиноселска парохија - цркви

 Sample Image
 

Возљубени,

Би сакале да Ве известиме дека од денес, 01. 06. 2022 година, документарно-биографскиот филм за Митрополитот Агатангел, „Печат на едно време“ можете да го гледате и на нашиот youtube канал.

 Линк до филмот


 
Башиноселска парохија - цркви
3.06.2008.

село Башино село

 

Централната парохиска црква „Св Никола”. Црквата е изградена во 1840 година.   Фрескоживописана и осветена е во 1870 година.

 

село Каратманово

 

Црква „Покров на Пресвета Богородица” - камен-темелникот на црквата е осветен и поставен во 1994 година, од тогашниот Митрополит Повардарски г. Михаил, а на 24. 07. 2005 година оваа црква е осветена од тогашниот администратор Повардарски Митрополит Дебарско - Кичевски г. Тимотеј.

 

село Лозово

 

Црква „Св Петка” - камен-темелникот на црквата е осветен и поставен од тогашниот Митрополит Повардарски г. Агатангел, а црквата сé уште се наоѓа во изградба.

 

Параклис „Св. Илија” - изграден од верници, а не е осветен.

 

село Новачани

 

Црква „Св. Атанасиј” - изградена во 1845 година. Црквата е осветена и фрескоживописана.

 

Манастир „Св. Георгиј” - изграден од група верници. Фрескоживописот е од поново време. Не е осветен.

 

село Карабуниште

 

Манастир „Св. Илија” - изграден во 1965 година. Манастирската црква нема фрескоживопис, а е осветена од тогашниот Митрополит Повардарски г. Гаврил.

 

село Ветерско

 

Манастир „Св. Јован Крстител”. Манастирот Св. Јован се наоѓа на 25 км. северно од Велес во близина на патот кон Скопје. За почетокот од постоењето на манастирот не постојат пишани извори. Бидејќи црквата ги нема белезите на градбите можно е да се претпостави дека нејзиното постоење датира уште од византискиот период.

Според еден ѕиден натпис над вратата од манастирската црква може да се претпостави дека манастирот бил изграден во 1670 год. Тогаш велешки владика бил Јосиф. Натписот е напишан со словенско писмо, а тоа е можно, оти митрополитот Јован, иако бил Грк, не го забранувал словенското писмо. Но, можно е да се претпостави дека во спомнатата година манастирската црква била само обновена и реконструирана, бидејќи Турците ретко дозволувале подигање на нови христијански храмови. Историјата на манастирот е мрачна. Самата црква е куполна , мала и темна. Околу црквата се поместени  манастирските конаци и други простории.

 
< Претходно   Следно >