Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Цркви и манастири arrow Парохија Градско - цркви и манастири
Парохија Градско - цркви и манастири
3.06.2008.

село Градско

 

Централна парохиска црква „Св. вмч. Георгиј”. Камен темелникот е осветен од тогашниот Архиепископ Охридски и Македонски Неговото Блаженство г.г. Гаврил во април 1988 година, а осветена е од Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Михаил на 25. 06. 1994. Фрескоживописот е изведен од зографот Атанас Ташковски од Кавадарци.

 

село Виничани

 

Црква „Св. Илија” во изградба. Камен темелникот е осветен во јуни 2000 година, од Митрополитот Повардарски г. Агатангел.

 

село Уланци

 

Црква „Св. Николај”. Изградена е во периодот од 1820 до 1830 година. Фрескоживописана е во 1832 година.

 

село Ногаевци

 

Црква „Свето Вознесение Христово”. Изградена во периодот од 1800 до 1820 година.

 

село долно Чичево

 

Црква „Св. Атанасиј”. Изградена е во периодот од 1880 до 1890 година. Фрескоживописана е во 1891 година.

 

Манастир „Св. Архангел Михаил”. На четири часа одење јужно од Велес, односно на 16 км., помеѓу селата Горно и Долно Чичево, во месноста Клепа, се наоѓа манастирот Св. Архангел Михаил. Спрема неговиот летопис тој е подигнат како мала црквичка во периодот од 1695 до 1705 година од калуѓерот Михаил со помош и заштита на велешкиот Агобег. Годината на подигањето на манастирот се потврдува и од бронзениот печат на манастирот (Орле) кој како таков манастир никаде не постои, а во неговата содржина е вградено името на Св. Архангел и сликата на Архангел Михаил. Околу рачката на печатот е гравирана и годината 1705. Мајстор на печатот бил Симон Костадинов, кој е и пишувач на натписот. Од овој податок произлегува дека првобитната црква не ќе е подигната порано од почетокот на XVIII век. Во втората половина на XIX век, старата манастирска црква била обновена, реновирана и зографисана од зографот Хаџи Крсте во 1861 година, и така го добила денешниот облик и изглед. Тогаш манастирот добил нова куполна црква, светла и голема висока камбанарија крај неа.

-црква =Св. Никола+. Црквата е во урнатини и се наоѓа близу до манастирот Св. Архангел Михаил.

 

село горно Чичево

 

Црква „Свето Вознесение Христово”. Изградена е во периодот од 1860 до 1880 година, а делумна реконструкција е извршена во 1994/95 год.

 

село Подлес

 

Црква „Света Троица”. Изградена е во периодот од 1840 до 1850 година. Целосна реконструкција е изведена во 2001 година.

 

село Скачинци

 

Црква „Св. Троица”. Изградена и фрескоживописана е во 1870 година.

 

село Грнчиште

 

Црква „Св. Василиј” - Црквата е руинирана.

 

село Свеќани

 

Црква „Св. Атанасиј” - Црквата е руинирана

 

Манастир „Св. Константин и Елена”. Урнатините на првобитната манастирска црква потекнуваат од крајот на IX и почетокот на X век, а денешната црква е од поново време. Изградена е во 30-те години на XX век.

 

 
< Претходно   Следно >