Маренска парохија |
3.06.2008. | |
село
Марена
-
црква
„Св.
Богородица”. Црквата е изградена во втората половина на XIX век. Архитектонскиот облик на црквата е трикорабен, формиран од два реда колони кои се меѓусебно врзани со арки. Корабите имаат рамни дрвени таваници а главниот кораб се надвишува над страничните. На источната страна од црквата е олтарната апсида а две ниши во олтарниот простор ја вршат функцијата на проскомидија и ѓаконикот. Главниот влез во црквата е од западната страна, а помал влез - спореден е на северната страна. На западниот дел во црквата е галерија на која има една лента со фреско натпис и годината 1879, најверојатно како година кога црквата била зографисана. Внатрешноста на црквата е исполнета со фрески по ѕидовите. Иконостасот во црквата е исполнет со икони: престолни, празнични и на светите апостоли. Три од престолните икони се изработени од зографот Петре од с.Тресонче 1870 година.
село
Бегниште
-
црква
=Св. Богородица+. Црквата се наоѓа во самото село. Подигната и живописана е во 1881 година, од браќата Вангел, Никола и Коста Анастасович од Крушево. Ова ни го потврдува натписот кој се наоѓа над северниот влез од внатрешната страна на црквата. Друг натпис во црквата се наоѓа над западниот влез одвнатре во црквата кој гласи: =Петре Андон епитроп на времето неино сеп. м. се стори за цркфата се изписа в лето 1880 и маиа 6+. Црквата има големи димензии и по својата архитектурна форма таа е трокорабна со два реда колони. Целата црква е живописана.
-
пештерна
црква
„Св
Лазар”.
Пештерната
црква
Св.
Лазар
се наоѓа на околу 5 км. југозападно од селото Бегниште на самиот брег на Тиквешкото езеро. Лоцирана е во карпест и сув предел на околу 30 метри височина од нивото на езерото. Пештерата ја формираат две каверни и тоа: источна, пред која е подигната црквата, со должина од околу 16 метри и длабока околу 8 метри и југозападно, која на влезот е широка околу 1,5 метри и длабока околу 20 метри. Висината на пештерата варира околу 6 до 8 метри. За историјата на пештерната црква се знае многу малку бидејќи пишани документи и натписи на самата црква не постојат. Врз основа на досегашните резултати од проучувањата се смета дека е изградена и живописана во XIV век. Од некогашната градба со мали внатрешни димензии (2,5 - 2,5 метри) денес се сочувани дел од јужниот и источниот ѕид со олтарната апсида. Западниот, северниот и дел од источниот ѕид се срушени веројатно поради поткопување и ерозија на земјиштето под овие делови на црквата. По својата архитектурна концепција црквата Св. Лазар претставувала еднокорабна градба во чиј состав влегува олтарниот простор, со апсида полукружна од внатре и истакната од надвор и во продолжение наос. Градена е од кршен камен и варов малтер и градбата се карактеризира со изразена едноставност. Јужната и источната фасада не се малтерисани, а со тоа нема фрескоживопис. Од некогашниот фрескоживопис на средно вековната пештерна црква Св. Лазар денес остатоци се наоѓаат на површините од јужниот и источниот ѕид, апсидата и на незначителен дел од сводот во југоисточниот дел од градбата.
село
Брушани
-
црква
„Св
Троица”.
Црквата
е изградена во 1878 година, а по една година и живописана од непознати зографи, според натпис над јужната врата од надворешната страна на црквата. По својата архитектурна форма црквата има огромни димензии и е трикорабна. Сите внатрешни ѕидни површини не се зографисани. Во тремот на истата се наоѓа железно клепало на кое пишува „1880 се приложи од вко за душа Мице мајсторја калва Лазо Хованче”.
село
Возарци
-
црква
„Св.
Богородица”. За оваа црква немаме податоци.
село
Галиште
-
црква
„Св.
Атанасиј”.
Црквата
се наоѓа југозападно од селото Галиште. За нејзината изградба и зографисување нема никакви податоци. Не се знае кој бил ктиторот ниту пак кој бил зографот на фреските. Црквата имала две фази на градба: првата е старата црква и се претпоставува дека била изградена кон крајот на XVIIвек. Првобитната црква била со мали димензии, еднокорабна и е градена од кршен камен без било какви декорации на фасадите. Постојат индикации дека старата црква била подигната врз остатоци на постара црква а за што сведочат зачуваните фрагменти од живописот вѕидан заедно со градежниот материјал. Во 1934 година е дограден нов дел со цел да се прошири и продолжи старата црква заедно со доградениот дел за потребите на месното население. Кога црквата била проширена во 1934 година, тогаш бил и пресликан стариот живопис.
село
Глишиќ
-
црква
„Св.
Димитриј”.
Старата
црква
во селото Глишиќ била рушена и за жал не е сочувано ништо од неа. По својата архитектурна форма таа била еднокорабна, изградена и живописана во XIX век. Црквата имала отворен трем од западната страна и дрвена таваница која била на распаѓање. На иконостасот имало царски двери изработени во копаница со иконопис со следната содржина: „Сија двери ја приложил Стојан Николов и син му Ило и внук му Лазо зограф Иоана Џикот от Осои и Спасе Ангелков от Гари 1869”.
село
Дабниште
- црква „Успение на
Пресвета Богородица”. Црквата е подигната и живописана во XIII век. Имала облик на еднокорабна градба. Од првобитната црква сочувани се остатоци од керамопластична декорација на источната и јужната фасада. Од стариот живопис сочувани се неколку фрагменти. Дел од фрескоживописот насликан е во XIX век, како и царските двери во резба кои се наоѓаат на иконостасот изработени од непознат копаничар.
село
Добротино
-
црква
„Св.
Димитриј”. За оваа црква немаме податоци.
село
Ќесендре
-
црква
„Св.
Димитриј”.
Подигната
е во 1896 година, а иконите се од 1898 година.
село
Кошани
-
црква
„Св.
Атанасиј”.
Уште
пред
неколку
децении
црквата
е напуштена, без било каква и да е заштита и е пред уривање. Врз основа на натписот кој се наоѓа над западната врата на црквата се дознава дека била подигната 1871 година и истовремено живописана. Според својата архитектурна форма црквата е еднокорабна со одвоен женски дел од западната страна, кој се потпира на два дирека. Во црквата се влегува од јужната и северната страна. Внатре во црквата има фрески со изразито слаб квалитет на непознат зограф.
село
Праведник
- Манастир =Св. Георгиј+. Полошкиот манастир Св. Георгиј се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија во близина на Кавадарци, на падините на планината Вишешница, на границата помеѓу областите Тиквеш и Мариово. Неговата положба некогаш била високо над левиот брег на реката Црна, од спротива на селото Полошко по кое го добил името. По создавањето на вештачкото Тиквешко езро по долината на Црна (1964-1968), селото веќе не постои и до манастирот се доаѓа само по воден пат. Манастирската црква Св. Георгиј спаѓа меѓу ретките цркви - мавзолеи.
По својот архитектонски облик црквата е еднокорабна поделена на три травеја: источен, среден и западен назначени со пиластри. Има едно кубе врз осмостранен тамбур кој се издига изнад средниот травеј, држејќи се на четирите пандантифи формирани меѓу лаковите. Темињата на лаковите (арките) се под темето на главниот полуобличаст свод кој лежи дирекно на страничните сводови. Црквата е изградена пред 1340 година. Кон западната страна на црквата е подигната припрата непознато кога, но секако пред 1609 година кога била живописана. Во црквата е сочуван фреско-живопис помеѓу 1343 и 1345 година. Во 1881 година дошло до мали преслики на фреските кои биле отстранети со најновите конзерваторски работи во 1983-85 година. Не се познати авторите на фрескоживописот, но видливо е дека на него работеле два зографа со различни свои квалитети и начин на сликање. Малата манастирска црква Св. Георгиј поседувала и мноштво икони и други црковни предмети и книги, но до денешни дни сочувани се остатоци од иконостасот од
XVII век. Сочувани се и икони од XIX век и дејсизна плоча со апостолите.
-
црква
„Свето
Вознесение Христово”. Црквата Свето Вознесение Христово се наоѓа северозападно од селото Праведник на едно мало возвишение меѓу стара дабова шума.
Изградена и зографисана е во 1625 година, според делумно сочуваниот натпис кој е испишан на јужниот ѕид во наосот над малиот прозорец а каде што најдобро се чита годината. Според својата архитектурна форма, црквата е еднокорабна со убава декорација изведена од тула и блокови од бигор. Кровот на црквата е на две води и е обновен со нови керамиди. Општиот изглед на црквата е на напуштен објект со видливи траги на распаѓање на одделни нејзини делови. Има единствен влез на западната страна. Над влезот има ниша со доста оштетувања на фреска која го претставува Исус Христос. Градена е од делкани блокови бигор. Иконостасот во црквата е од поново време. Нема податоци кој го направил. Црквата Свето Вознесение Христово (Св.Спас) е осамен објект во дивината, незаштитен и =осуден+ во блиска иднина да исчезне за навек.
село
Ресава
-
црква
„Св.
Архангел Михаил”. Црквата е изградена во 1840 година. Овој податокот го дознаваме од записот испишан на амвонот: „Соградисја 1840
храмова
освештение
сеп.6”. За зографисувањето на црквата се дознава дека е извршено во 1881 на 6 јуни, од натписот над северниот влез во црквата од внатрешната страна каде што се вели дека зографи се браќата од Крушево: Вангел, Никола и Коста. Според својата архитектурна форма, црквата е трикорабна со големи димензии и припрата на западната страна. Сводовите на трите кораби се покриени со дрвена таваница. Црквата има два влеза и тоа од северната и западната страна. Внатре сите ѕидни површини се покриени со фрески.
село
Сопот
-
црква
„Св.
Атанасиј”.
Подигната
е во 1977 година.
село
Шешково
-
црква
„Св.
Богородица”. Подигната е во 1872 година. Ова се дознава од натпис кој се наоѓа над западниот влез во црквата, во нишата каде е насликан ликот на Св. Богородица и годината 1872 година. Внатрешноста на црквата е покриена со фрески. Зографи биле Петре и син му Глигор од село Тресонче.
село
Шивец
-
црква
„Св.
Стефан”.
За оваа црква немаме податоци.
село
Паликура
-
црква
„Св.
Никола”.
За оваа црква немаме податоци.
|
< Претходно | Следно > |
---|