Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Цркви и манастири arrow Росоманска парохија - цркви и манастири
Росоманска парохија - цркви и манастири
3.06.2008.

            село Росоман           

Црква „Св. Троица”

 

- централна парохиска црква „Света Троица”. Изградена е во 1990 година, од страна на Иницијативен одбор за градба од село Росоман. Осветувањето на камен темелникот го има извршено блажено упокоениот архиепископ г.г. Михаил, како надлежен митрополит во Повардарската епархија. Со помош на митрополитот повардарски г. Агатангел и неговото доаѓање се сменија престолните икони, апостолите, дверите, чиј иконописец е Златко Александарски. Со благослов и помош на митрополитот се направи владички стол во средината на црквата и мал владички стол во олтарот, се направи престол за служење, се направија ѓаконикот и жртвеникот. Олтарниот дел е фрескоживописан од страна на уметникот Светозар. Црквата =Св. Троица+ е осветена на 28.10.2007 год. од Неговото Високопреосвештенство Митрополит Повардарски г. Агатангел.

 

село Сирково

- цркви „Св. Георгиј” - стара и нова. Старата црква „Св. Георгиј” е изградена во 1938 година. Не е фрескоживописана, но е осветена. Постоела камбанарија која подоцна е срушена од страна на еден од мештаните, кој подоцна загинува од гром. Во 2006 година, наново е препокриена со нови ќерамиди. На само 50 метри од оваа црква, во 1990-тите години е изградена нова црква која исто така го носи името „Св. Георгиј”. Црквата е фрескоживописана. Осветена е на 11.11.2007 год. од Неговото Високопреосвештенство Митрополит Повардарски г. Агатангел.

 

 

село Камен Дол

          
-
црква „Св. Георгиј”. Оваа црква по кажување на најстарите жители во селото, потекнува од XIX век. Црквата е руинирана. Други податоци немаме.

 

село Трстеник

 

- нема ни црква, ни манастир. Формиран е Иницијативен одбор за изградба на црква која ќе го носи името Св. ап. Петар и Павле.

 

село Дебриште

 

 - црква „Св. Јован”. Изградена е во XIX век. Над западниот влез во црквата во нишата е насликан патронот на црквата Св. Јован Крстител, а тука е испишана и годината 1873 кога црквата била зографисана. Некогаш црквата имала и отворени тремови од јужната и северната страна кои денес се во урнатини. Внатрешниот свод е со рамна дрвена таваница. На јужниот ѕид од внатрешната страна се наоѓа натпис кој гласи: =Из руки Петре и син его Глигур из Дебор село Тресанче 1873+. Овој натпис се однесува за зографисувањето на црквата. Сочувани се фрески во наосот и олтарот но тие се во лоша состојба. Во црквата се наоѓаат и икони од XIX век, но и тие се наоѓаат во распаѓање.

 

село Раец

           

- црква „Св. Георгиј”. Не се знае точно кога е изградена. Црква е руинирана. Други податоци нема.

 

село Фариш

           

- црква „Св. Богородица”. Градена е за време на турско. Други податоци нема.

 

село Манастирец

 

 - На 27 јануари 2007 година, е поставен и осветен камен темелник на црквата „Св. Никола”. Осветувањето го изврши Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г.Агатангел.

 

село Рибарци

           

- црква „Св. Георгиј”. Црквата е во руинирана состојба.

 

 

село Мрзен Ораовец

           

- црква „Св. Никола”. Црквата Св. Никола се наоѓа во напуштеното село Мрзен Ораовец. Над влезот од внатрешната страна на црквата сочуван е натпис во кој е напишано дека црквата е изградена во 1694 година. Црквата е мала еднокорабна, градена е од кршен камен врзуван со варов малтер. На источната страна црквата има петострана олтарна апсида од надворешната страна. Внатре црквата е засводена со полукружен свод, а во олтарниот простор е олтарната конха додека северно и јужно од неа се две мали ниши кои ја вршат функцијата на проскомидија и ѓаконикот. Зографските работи во црквата биле завршени како што стои во натписот во 1694 година. Не е познато кои биле зографите на фреските. Иконостасот во црквата е со нова конструкција, но видливи се остатоците од старото - првобитно лежиште на иконостасот и тоа на јужниот и северниот ѕид. Иконостасот е од XIX век како и царските двери, а и иконите кои се наоѓаат на него потекнуваат исто така од  XIX век.

 

 
< Претходно   Следно >