Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Против сектите arrow Одговор на учењето на пентекосталците
Одговор на учењето на пентекосталците
2.06.2008.

 

В. Учењето на пентекосталната секта:



 

Вакви секти има повеќе, учењето им е шаренолико, а потекнуваат од баптистите и методистите од Америка. Основна карактеристика им е наводниот „дар за зборување јазици“. Се јавиле околу 1900 година. Кај нас се појавиле пред Втората светска војна.

Дека Светиот Дух ќе слезе на апостолите било проречено и остварено. (Лука 24, 49; Јован 16, 26; Дела 2, 1-18). Во Евангелието се зборува дека оваа појава ќе се случи само еднаш, без ветување дека ќе се повтори. Во времето на апостолите дарот за зборување јазици бил драгоцен: и како потврда за излевањето на Светиот Дух, и заради проповедањето и мисионерството по разните краеви на светот.

Пентекосталците прво се молат за дарот за зборување јазици што и им „успева“, а потоа за дарот за разбирање на истите јазици, што навистина никогаш не им успева, бидејќи се работи за дрдорење кое не значи ништо и кое не е ни човечки јазик. Можеби е демонски? Апостол Павле во 1. Кор. 14, 27-28, вели дека е „...ако пак, нема толкувач, тогаш в црква да молчат, а нека си зборуваат во себе си и на Бога“. Дарот на зборување на странски јазици познат е во окултизмот како појава на глосолалија и ксеноглосија. Тоа е често знак на опседнатост од лошиот дух. Овие и слични појави многу добро се опишани во книгата „Православието и религијата во иднина“ од јеромонахот Серафим Роуз.

 
< Претходно   Следно >