Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Против сектите arrow Одговор на учењето на Јеховините сведоци
Одговор на учењето на Јеховините сведоци
2.06.2008.

 

А. Учењето на Јеховините сведоци:



 

Мешавина од сите ереси осудени од седумте Вселенски собори - нема ништо христијанско што не го одрекле или извитопериле:

1. Сметаат дека во Светото Писмо нема ни трага од учењето за Светата Троица, дека тоа е многубоштво, бидејќи 1+1+1=3, а не 1;

2. Бог не е секаде присутен, има свое место - престол и може да му се пристапи;

3. Исус Христос не е Бог. Не воскреснал телесно, туку духовно;

4. Светиот Дух не е Бог, туку Божја сила;

5. Сметаат дека душата не постои како таква, туку дека крвта е душа, затоа на верниците не им дозволуваат трансфузија со крв, што често доаѓа до непотребно губење на животот;

6. Веруваат во скорото доаѓање на Христовото илјадагодишно овоземно царство;

7. Сметаат дека Исус Христос по вторпат дошол на земјата невидливо 1974 година;

8. Се служат со нов, „поточен“ превод на Светото Писмо.

 

Православен одговор:

 

1. Токму Светото Писмо учи за еден Бог по суштина, кој се јавува во три Лица (Ипостаси), како Бог Отец, Бог Син и Бог Свети Дух: „Зашто Троица се, Кои сведочат на небото: Отецот, Словото и Светиот Дух; и Троица се едно“ (1. Јов. 5, 7). Да се прочита: 1. Мој. 1, 26-27; 3, 22; 18, 1-4; Мат. 3, 16-17; 28, 19-20.

2. Бог насекаде е присутен. Во Светото Писмо има многу докази. Овде ги наведуваме: „Каде да одам од Твојот Дух и каде да побегнам од Твоето лице? Ако се вознесам на небото: таму си, ако легнам во подземјето и таму си“ (Псал. 139,7-10). „Може ли некој да се скрие на тајно место да не го видам Јас? - зборува Господ; не ги исполнувам ли Јас небото и земјата? - вели Господ“ (Јерем. 23, 24).

3. Исус Христос е Бог. Апостол Павле вели:

„Господ мој и Бог мој!“ (Јован 20, 28). Да се прочита:

Иса. 9, 6; Јован 1, 1; 10, 30; 14, 9; 16, 30; Рим. 9, 5; 1. Јов. 5, 20 итн.

4. И за божеството на Светиот Дух постојат многу докази во Светото Писмо: „...рече Богот на израел“ (2. Цар. 23, 2-3); „...не ги излага луѓето туку Бога“ (Дела 5, 1-4). (Да се прочита Матеј 12, 32).

5. Душата постои, свесна по телесната смрт, и бесмртна: „Луѓето на умирање офкаат низ градовите и душите на ранетите викаат за помош“ (Јов 24, 12). „Не бојте се од оние што го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат“ (Мат. 10, 28). Да се прочита за разбојникот што се покајал (Лука 23, 43), и Лука 16, 19-31; Марко 9, 1-8. Во Стариот Завет пишува: „Авраам им се придружи на своите луѓе“ (1. Мој. 25, 8; 49, 29, 33), а тој не е погребан кај своите предци (1. Мој. 52, 8-9). Татко му е погребан во Харан (1. Мој. 11,32). Повторно да се прочита: 1. Мој. 15, 15; 1.Петр. 3, 18-19; 4, 6!

6. Нема ништо од царството на земјата, бидејќи „земјата ќе изгори“ (2. Петр. 3,10), но „ќе дојде ново небо и нова земја“ (2. Петр. 3, 13).

7. „Никој не го знае денот ни часот“ (Марко 13, 23).

8. Јеховиниот превод не треба ни да се коментира, бидејќи на сите страни има манипулации, скратувања, дополнувања и сл.

 

 
< Претходно   Следно >