Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Против сектите arrow Заедничко учење на сектите
Заедничко учење на сектите
2.06.2008.

 

Свештеник Бранислав Перановиќ

 

ЗАЕДНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ И УЧЕЊА НА СЕКТИТЕ



 

Сите секти доаѓаат да ја „поправат лошата состојба во Црквата“, да го „реформираат“ нејзиното учење и организација, бидејќи Црквата наводно, „со текот на времето го напуштила вистинското учење и духот на Евангелието“. Сите секти наводно ги „подготвуваат“ луѓето за скорото доаѓање на Исус Христос и Неговото илјадагодишно царство на земјата. Секоја секта за себе тврди дека таа единствено е вистинската и спасоносна, а сите други дека се лажни. Наводно секоја ја „вдахнува Светиот Дух“, а ја „основал“ Господ Исус Христос преку своите пратеници. Секоја проповеда слобода, особено од „поповите“. Сите следбеници се еднакви, нема посебна црковна власт, но треба да им се потчинуваат на водачите на сектите, кои можат дури и да исклучуваат поедини членови и групи, што често доведува до разединување на старите и појава на нови секти. Освен ова сектите:

1. Го негираат Светото Предание и самоволно го толкуваат Светото Писмо;

2. Светата Причест ја сфаќаат како нешто символично, а не како Телото и Крвта на Исус Христос;

3. Немаат посебно, туку општо свештенство;

4. Ги отфрлаат иконите и Чесниот Крст, православните ги сметаат за идолопоклоници;

5. Не веруваат во задгробниот живот, сметаат дека душата спие до воскреснувањето (ова важи за адвентистите и јеховистите);

6. Забрануваат молитвено почитување на Пресвета Богородица и светителите итн. Дури се потсмеваат и хулат на нив.

 

Православен осврт за заедничкото учење на сектите:

 

1. За Светото Предание:

 

Тоа е постаро од Светото Писмо, кое и настанало од Светото Предание. Во прво време апостолите усно го проповедале Евангелието. Во Светото Писмо не е запишано сè што правел и учел Исус Христос (Јован 21, 25) и апостолите (2. Јов. 12). Во Новиот Завет има заповед (1. Тим. 6, 20; 2. Тим. 2, 2) и пофалба (1. Кор. 11, 2) за придржување и чување на Светото Предание. Исто така има и опомена: „Браќа пазете некој да не ве заведе... според човечкото предание“ (Кол. 2, 8). Токму тоа се случило, прво на секташките верници, бидејќи го наследиле и го држат преданието на своите основачи. Невистинито е тврдењето на секташите дека веруваат само во Светото Писмо, тие им веруваат на своите „пророци и основачи“ (Хелена Вајт, Милер, Расел итн.) и на нивното толкување на Светото Писмо.

Светото Писмо не може правилно да се толкува и разбира без Светото Предание (Лука 1, 2), што е причина за појавата на огромен број различни „вистини“, толкувања и „цркви“. Црквата Божја – Православната, основана е од Господ Исус Христос (Мат. 16, 18) преку апостолите за сите времиња. Таа е столб и тврдина на вистината (1. Тим. 3, 15). Сето друго, основано од луѓе, спаѓа во верски вонцрковни организации, кои на своите приврзаници, со изопачена наука и радикален пристап кон Светото Писмо, им навлекува пропаст и Божја осуда. Сите денешни секти се основани од неодамна, најстарите пред неколку века, а светот навистина не започнува со нив, како ни Христовата Црква.

 

2. За Светата Причест:

 

Сите секти учат дека лебот и виното при причестувањето само симболично ги претставуваат Телото и Крвта Христови, додека ние православните, врз основа на Светото Писмо знаеме дека лебот е вистинското Тело и виното вистинската Крв Христова (Јован 6, 55; Мат. 26, 26-28) и дека таквото причестување е еден од условите за спасување (Јован 6, 53-54).

 

3. За свештенството:

 

Апостолите низ молитва ги ракополагале своите помошници и заменици, кои Светиот Дух ги поставил за епископи да служат во Божјата Црква, која Господ ја стекнал со Својата Крв (Дела 20, 28). Не е чудно што сектите не го признаваат свештенството, ниту тие го имаат, бидејќи немаат т. н. апостолско преемство - од времето на апостолите постојано ракополагање, како што и единствено се станува свештеник.

(Да се прочита: 1. Тим. 5, 22; 2. Тим. 1, 6; Тит 1, 5).

 

4. За иконите, чесниот крст и моштите:

 

Кога ги целиваме иконите, ние православните не сме идолопоклоници, бидејќи ниту иконите, ниту ликовите на светителите и Богородица ние не ги обожуваме, туку само им го даваме одреденото должно почитување, како на оние кои на Бога му служеле и угодувале многу повеќе отколку ние.

Иконите потекнуваат уште од Стариот Завет, а во христијанството отсекогаш постоеле. Многу од нив се и чудотворни.

Осенувајќи се со крсниот знак (со прекрстување) православните видливо ја изразуваат најважната вистина на православната вера: верата во Светата Троица, во богочовечката природа на Господ Исус Христос, верата дека сме споени со неговата крсна жртва, итн. Новиот Завет на многу места говори за крстот.

Ќе наведеме само некои од нив:

Апостол Павле плачејќи говори за многумина кои живеат како непријатели на Христовиот крст (Филип. 3, 17-19).

Тој не сака да проповеда со премудри зборови, да не ја изгуби силата крстот Христов, бидејќи словото за крстот е безумство за оние што гинат, а за нас, кои се спасуваме, сила Божја (1. Кор. 1, 17-18 ).

- Самиот Исус Христос зборува за знакот на Синот Човечки (Мат. 24, 30).

Секташите (нововерци, како што нашиот православен народ многу соодветно ги нарекол) не ги признаваат ни моштите на светителите, иако нивното чудотворно дејство е опишано уште во Стариот Завет (2. Цар. 13, 21). Ние сме сведоци на постоењето на многу чудотворни мошти, сведоци сме на исполнувањето на пророштвото на псалмопеецот царот Давид, кој вели: светецот Твој нема да види распаѓање (Псал. 16, 10).

 

5. За задгробниот живот:

 

Некои секти со помош на библиски цитати, извадени од контекст или погрешно протолкувани, го негираат задгробниот живот (континуитетот на свесност за постоење на душата и по смртта на телото).

Православното верување, засновано на Светото Писмо е дека душата по смртта на телото продолжува свесно да живее во услови што зависат од начинот на овоземниот живот на човекот, т.е. нецелосно блаженство или нецелосно мачење, сè до Второто доаѓање на Господа Исуса Христа и сеопштото воскресение. Во Светото Писмо за тоа има многу сведоштва.

(Да се прочитаат: 1. Мој. 15, 15; Проп. 3, 14; Марко 10, 20; Лука 23, 46; Јован 24, 12; Откр. 6, 9; Кор. 5, 8; Филип. 1,23-24 итн).

Особено е впечатлива приказната за богатиот и сиромавиот Лазар (Лука 16, 19-31), за преобразувањето (Марко 9, 1-8), каде што се појавува пророкот Мојсеј. Во книгата за Јов (24, 12) пишува „Душата на убиваните вика“. Самиот Господ со душата се симна во адот и им проповедуваше на душите на умрените (1. Петр. 3, 18-20).

 

6. За молитвеното почитување на светителите:

 

Сите секти го забрануваат заради идолопоклонство и неверување во задгробен живот. Причината за ова неверување е друга, прикриена: секташките учења се погрешни, поради што во нивните редови нема и не може да има светители, тие сите себеси се сметаат за свети (колкава ли гордост), а православните светители не ги признаваат, без оглед на доказите, бидејќи секташите така би ја одрекле оправданоста и логиката на своето постоење.

Како што видовме од пасусот за задгробниот живот, ние православните сосема оправдано веруваме во задгробниот живот и врз основа на таквото верување ги молиме светителите пред Бога како Негови угодници, да се заземат за нас бидејќи: „Прекрасен е Господ во Своите светии“ (2. Сол. 1, 10-12).

 

 
< Претходно