Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Цркви и манстири во Гевгелија
 
Sample Image
 
    
  Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image
 
Цркви и манстири во Гевгелија
2.06.2008.

Црква Свето Вознесение Христово

 

- Црква „Вознесение Христово” (Св. Спас). Овој сакрален објект е лоциран во југоисточниот дел на Гевгелија. Црквата =Св. Спас+ посветена на Вознесението Христово, е најстарата црква во =градот под Кожув+, изградена, според преданието, во 1842 година. До почетокот на Првата балканска војна била неколку пати доградувана и реновирана. Според својата архитектурна форма, црквата е петокорабна, со дрвени рамни тавани, потпрени со нови четвртасти колони. Покривната конструкција е на две води. Од западната страна има отворен трем, во чија северна страна се наоѓа камбанаријата. Црквата е зографисана но во неа нема насликано постар фреско-живопис. Иконостасот е нов, со три реда икони. Иконографскиот репертоар го сочинуваат: престолните икони, иконите на големите празници и иконите на светите апостоли. Во 2006 година, е извршна реконструкција на тремот со масивен камен и нов покрив од керамиди.

 

 

            Црква Св. Кирил и Методиј - Гевгелија

 

-  Црква „Св. Кирил и Методиј”. Лоцирана е во централниот дел на градот. Подигната е во 1896 година, што може да се види од натписот на плочата на источниот ѕид, вѕидан над олтарната апсида од надвор. Таа е изградена на местото каде што во 1881 година бил изграден параклис. Храмот е обновен во 1946 година. Според својата архитектурна форма, таа е трикорабна градба, со рамни дрвени тавани и со покривна конструкција на две води.  Црквата =Св. Кирил и Методиј+ има голем и убав иконостас, чии икони ги работел зографот Димитриј Андонов - Папрадишки. Дверите на црквата се од постаро време и се мисли дека се пренесени од старата црква =Света Троица+ или од манастирската црква  „Св. Спас” во Гевгелија, и се дело на непознат резбар (од XVIII век). Во 1983 година е подигната нова камбанарија со градски часовник. Градител на црквата е Андон Китанов.  

 

село Моин

           

- Црква „Св. Архангел Михаил”. Селото Моин се наоѓа околу 5 км. западно од Гевгелија, близу до македонско - грчката државна граница. Православниот храм во ова населено рамничарско место во Гевгелиската Котлина е посветен на Свети Архангел Михаил. Во епохата на македонската Преродба во селото имало 3 цркви: патријаршиска, егзархиска и римокатоличка. За време на Првата светска војна, поточно во 1917 година, сите цркви биле разурнати, но жителите на селото изградиле нова црква. Меѓутоа, и таа за време на Втората светска војна била делумно разурната. Нејзиното обновување и доградување е во 1963 година. Според својата архитектурна форма, црквата е еднокорабна со рамен варосан таван, со припрата, но без олтарна апсида. Иконостасот е мал по димензија, изработен од гевгелискиот столар Ристо Попов, што може да се види од записот на иконостасот, датиран од 30.12.1968 година.

 

село Мрзенци

           

- Црква „Св. Константин и Елена”. Според сеќавањето на постарите жители во селото, и преданието, првичната црква се наоѓала на друго место, од другата страна на железничката линија изградена во XIX век. Нејзин градител бил Андон Китанов од с. Тресонче. Денешната црква „Св. Константи и Елена” била почната да се гради во 1925 година, но поради низа непогодни околности била изградена и предадена во употреба дури во 1936 година, кога била и осветена од штипскиот владика. Според својата архитектурна форма, црквата е трикорабна, со рамни варосани тавани, чиј централен кораб е своден. Покривната конструкција е на две води, потпрена на осум столбови во две колони. Црквата не е живописана. Иконостасот е изработен во 1937 година, има запис над царските двери, врз фризот со винова лоза. Други два записа се наоѓаат лево и десно од дверите, на парапетните табли. На северната страна од царските двери пишува: =Иконописци - браќата Доневи од с. Гари, Дебарско 1937 г.+

 

 
< Претходно   Следно >