Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Цркви во Валандовско

 Sample Image
 

Возљубени,

Би сакале да Ве известиме дека од денес, 01. 06. 2022 година, документарно-биографскиот филм за Митрополитот Агатангел, „Печат на едно време“ можете да го гледате и на нашиот youtube канал.

  Линк до филмот: https://www.youtube.com/watch?v=TXOnztkGvT4


 
Цркви во Валандовско
2.06.2008.

Валандово

 

            Манастир „Св. вмч. Георгиј”.

 

- Манастир „Св. вмч. Георгиј”. Манастирскиот комплекс =Св. Георгиј+ кај Валандово, посветен на свети великомаченик Георгиј Победоносец, е подигнат во падините на планината Плавуш, на надморска височина од околу 500 метри. Денешната манастирска црква =Св. Георгиј+ е изградена во 1934 година, делумно врз темелите на старата средновековна истоимена манастирска црква, подигната во 1344 година. Според својата архитектурна форма, таа е еднокорабна и мала по димензија, со бескуполна покривна конструкција, со полуобличаст свод, но и недоволно угледна. Градена е од обичен камен, а покриена е со керамиди, на две води. Источната страна на црквата завршува со мала полукружна олтарна апсида, а на западната и северната страна има отворени тремови, покриени со керамиди. Иконостасот, мал по димензија, е дело на непознат уметник. Иконографијата на внатрешните ѕидови на храмот ја сочинуваат стари и нови икони, чии автори не се познати, но затоа пак се знаат нивните дарители. Црквата не е живописана. Во 1997 година е изградена и камбанарија со мало црковно ѕвоно. Манастирскиот комплекс =Св. Георгиј+, покрај храмот, го сочинуваат и неколку други објекти, кои служат за сместување и преноќевање на гостите, дојдени во светилиштето за богомолство и поклонение.

 

Црква „Св. вмч. Димитриј”

 

- Црквата „Св. вмч. Димитриј” е подигната во 1830 година. Се наоѓа во северозападниот дел на градот, лоциран на една зарамнета падина од еден разгранок на планината Плавуш. Црквата по својот надворешен изглед, е недоволно атрактивна, главно, поради неповолната конфигурација на теренот. Југозападно од црквата =Св. Димитриј+ се наоѓа камбанаријата, која, според натписот на северната страна, е изградена во 1898, а обновена во 1994 година. Според својата архитектурна форма, црквата =Св. Димитриј+ е трикорабна, која на источната страна завршува со полукружна олтарна апсида. Средниот кораб ги надвишува страничните два кораба, со рамни тавани, и на неговиот полукружен свод е насликана икона на платно со преставата на Исус Христос Седржител. Покривната конструкција е на две води и е потпрена на два реда колони (симетрично поставени) од по четири столбови. Иконографскиот репертоар на црквата =Св. Димитриј+ го сочинуваат стари икони кои датираат од II, III и XIX век, изработени од непознати зографи, но и нови од XX век. Сегашниот иконостас е изработен во 1988 година од црковниот уметник Мишко Милановиќ, со помош на двајца соработници, а е осветен на 7 април 1989 година, од тогашниот митрополит на Повардарската епархија, г. Михаил. Сите икони, вклучувајќи ги тука и иконите што го исполнуваат иконостасот, се регистрирани во Заводот за заштита на културните споменици во Скопје.

 

село Брајковци

 

- Црква „Св. Георгиј”. Храмот е изграден на едно возвишено место на крајот од селото, во југоисточна насока. Тоа е ниска и недоволно угледна архитектурна градба, чиј влез во внатрешноста на храмот се наоѓа на јужната страна. Старата црква, пред земјотресот од 1931 година, според народното предание, била изградена во втората половина на XIX век, пред 1870 година. На неа имало натпис, што се наоѓал над главната влезна врата, кој, по извршените поправки на објектот (по земјотресот), бил уништен. Според архитектурната форма, црквата е трикорабна, со рамни дрвени тавани, од кои средниот ги надвишува двата странични кораба. На средината на централниот кораб има насликано икона со претстава на Исус Христос Седржител. Осветлена е преку четири прозорци во наосот (по два на јужниот и северниот ѕид). Црквата има влез и од западната страна. Од јужната страна има отворен трем. Иконите во црквата датираат од XIX век. Црквата не е живописана.

 

село Балинци

 

- Црква „Св. Димитриј”. Стариот црковен објект бил изграден од познатиот неимар, иконописец и резбар Андон Китанов од родот Ангелковци од село Тресонче во Мала Река, Дебарско, пред 1860 година, но тој бил разурнат од земјотресот во 1931 година. Сегашната црква е изградена по земјотресот од 1931 година со помош на верниците од селото. Црквата е трикорабна, со женски дел на западната страна и со мала полукружна олтарна апсида од надвор. Централниот кораб е своден и ги надвишува двата странични кораба. Главниот влез во храмот е од јужната, а споредниот од западната страна. Од јужната и од западната страна има отворен трем. Црковното ѕвоно се наоѓа на западната страна од храмот. Иконостасот е изработен во 1938 година од браќата Доневи од мијачкото село Гари, Дебарско. Покрај иконите од иконостасот кои датираат од 1938 година, во црквата =Св. Димитриј+ има и стари икони со потекло од XIX век.

 

 

село Марвинци

 

- Црква „Св. Петка”. Според народното предание, првобитната црква во селото била подигната во втората половина на XIX век. Нејзин градител бил познатиот неимар од село Тресонче, Андон Китанов. Но во 1913 година таа била запалена од непријателска рака (од андартите) и изгорена. Денешната црква =Св. Параскева+ (Св.Петка) е изградена на местото на старата црква, во 1926 година. За несреќа, во 1931 година била разурната од катастрофален земјотрес, но со помош на верниците од селото, црквата била наскоро обновена. Според својата архитектурна форма, црквата е трикорабна, со дрвени рамни тавани, со нартекс на западната страна и со полукружна олтарна апсида на источната страна. Црквата има голем иконостас, долг над десет метри, изработен во 1927-1928 година. Царските двери потекнуваат од 1928 година, а и иконите датираат од 1927 година.

 

село Грчиште

 

- Црква „Св. Архангел Михаил”. Храмот е стар, изграден, според натписот над задната врата (кој што е оштетен и тешко читлив) во 1849 година. Годината е датирана во нишата, над споредниот влез во храмот што се наоѓа на западната страна, над крстот изведен во релјеф. Според својата архитектурна форма, црквата е трикорабна со дрвени рамни тавани, потпрени на шест колони, со женски дел на западната страна и со полукружна олтарна апсида од надвор на источниот ѕид. Иконостасот кој е широк околу десет метри, го исполнуваат вредни стари икони од XIX век. Царските двери се изработени во резба и претставуваат ретко убаво копаничарско дело од XIX век на просторот на Јужновардарскиот регион. Не е познато кој е авторот, но не се исклучува можноста дека бил Андон Китанов, кој подолго време работел во овој крај. Црквата е фрескоживописана, а автори на фреските се браќата Доневи од село Гари, Дебарско.

 

- Манастир =Св. Петар и Павле+. Оваа стара манастирска црква, сега е во урнатини.

 

село Градец

 

- Црква =Св. Димитриј+. Храмот е изграден околу средината на XIX век, односно пред 1860 година, а црквата е зографисана во август 1873 година, што може да се види од двата натписа (на грчки и на црковнословенски јазик) на насликаниот фреско-живопис на северната страна од надворешниот ѕид со претстава на композицијата =Страшниот суд+, насликана од познатиот струмички зограф Григориј Пецанов. Фрескоживописот, датиран од 28 август 1873 година, е долг околу 11 метри и го зафаќа ѕидниот простор од левата и од десната страна на порталот. Според архитектурната градба, црквата е трикорабна, со дрвени рамни тавани со поизвишен централен кораб, со издвоен нартекс на западната страна и со голема полукружна олтарна апсида од надвор, на источниот ѕид, над кој има тркалезни отвори. Објектот е вкопан во земја и погледнат од надвор претставува ниска градба, изградена од обичен камен, со покриена конструкција на две води. Иконите се насликани во 1869 година од познатиот зограф Исаија Xиков од село Осој, Дебарско. Црквата е фрескоживописана во XIX век, но веќе фреските се недоволно визуелни и читливи.

 

            -Манастир =Св. Атанасиј+. Манастирската црква =Св. Атанасиј+ се наоѓа на едно ритче над селото, лево од автопатот Скопје - Гевгелија. Црквата е ниска градба. Според архитектурната форма, црквата е трикорабна, чии сводови се покриени со рамни дрвени тавани, од кои средниот ги надвишува двата странични кораба. Покривната конструкција е на две води, потпрена на шест дрвени столбови. Изградена е кон крајот на средниот век, но во текот на своето постоење била неколку пати обновувана. Црквата е градена од обичен камен, во основата долга 14, а широка 8 метри. Ѕидовите на црквата биле покриени со фрески, од кои денес се сочувани смо остатоци. Иконите датираат од  XIX век.

 

 
< Претходно   Следно >